Промоција, промоција и само промоција

2011-та ќе биде година на промоцијата, барем што се однесува до македонскиот туризам.

 |  Крсте Голабовски  | 
kaneo
Канео

2011-та ќе биде година на промоцијата, барем што се однесува до македонскиот туризам.

ohridВрз оваа активност, ќе се заснова поголемиот дел од програмата на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот за 2011-та година. Посети на голем број однапред таргетирани саеми како и поинтензивни посети на странски туроператори и новинари кај нас, се она на кое во периодот кој е пред нас ќе работиме, вели директорот н агенцијата Зоран Стрезоски. Што се однесува до посетата на саемите, Стрезоски објаснува дека приоритет се саемите во земјите со кои се остварени чартер летови, како Русија, Холандија и други. Секако на агендата останува промоцијата на нашата туристичка понуда на големите туристички саеми, како на пример оној во Берлин. Стрезоски одговоара на критиките кои во изминатиов период беа упатени на адреса на Агенцијата, во насока на ваквиот начин на промоција.

StrezoskiМакедонија годишно има над 100 милиони евра девизен прилив од туризмот. Агресивните кампањи што земјите од регионот  секојдневно ги водат и преку кои презентираат атрактивни понуди , помогнати со субвенции од владите, претставуваат сериозна конкуренција. Стрезоски се брани дека што се однесува до саемската промоција, таа нема да биде стереотипна и само со делење на промотивни материјали пред штандот на нашата земја, туку станува збор за една широка лепеза на промотивни активности со кои ќе се промовира македонската туристичка понуда. Еден од рецептите кој се покажа како успешен во годинава зад нас, вели Стрезоски се турите за фамилијаризација. Посебно оние кои се однесуваат на странските туроператори и новинари. Според зборовите на директорот, и оваа година од агенцијата ќе продолжат со оваа активност, но во малку видоизменета форма.

Од Агенцијата информираат и дека самата нивна програма која и годинава е насочена кон промоцијата, повторно ќе биде спроведена во координација со Министерството за економија, односно секторот за туризам при ова министерство. Меѓутоа, комплексноста на туризмот како стопанска гранка, вели Стрезоски, налага многу потесна соработка со Локалните самоуправи, бидејќи без нивна помош не е можно решавање на некои жешки проблеми со кои туризмот се среќава во последно време, како намалување на сивата економија, поголема контрола и вовоедување ред во туристичките места. Директорот потенцира дека мора истовремено да се работи на повеќе полиња бидејќи туризмот не зависи само од една или неколку институции, тој зависи од сите оние кои дирекно или индирекно придонесуваат за неговиот развој.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top