Локaлнaта го возвраќа ударот, трипати посилно

Одржана пресконференција во врска вчерашните обвинувања од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ упатени на сметка на Градоначалникот и работата на градскиот Совет.

 |  Крсте Голабовски  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

pressНишто од повисокот ниво на комуникација помеѓу ОК ВМРО ДПМНЕ  – и градоначалникот на Охрид. И покрај неодамнешната посета на делегација од ВМРО-ДПМНЕ со цел подигање на нивото на комуникацијата, кога начелно бил договорен фер и коректен однос, се посилна станува вербалната војна помеѓу ОК ВМРО ДПМНЕ  – и градоначалникот на Охрид. На денешната пресконференција, Градоначалникот Александар Петрески потенцира дека за него приоритет е задволување на барањата на граѓаните.

Петрески посочи дека предмет на интерес на инспекциите треба да биде работењњето на охридската капетанија, шумското претрпијатие,  како и гигантот ЕМО, каде придонесите не се плаќаат, а работниците примат по две три илјади денари на име плата. Градоначалникот одоговри и на обвинувањата кои се однесуваа на тоа дека во Советот мнозинството предводено од СДСМ го нема на седниците, а опозицинерите трпеливо да ги чекаат во клупите, со зборовите дека едноставно станува збор за два различни органи, а за својата редовност и совесно извршување на работата, советниците имаат дадено заклетва.

Од Локалната одговорија дека нема да ја толерираат политиката на ВМРО- ДПМНЕ со која покрај партизацијата на сите сфери во државата дрско се партизира и уништува културата. Советникот за култура Митре Вељаноски одговри на обвинувањата со објаснувања зошто решиле Охрид да не се кандидира за Град на културата за 2011 година. Вељаноски кажа дека Охрид е единствена општина која нема ништо децентрализирано од областа на културата. Ните уедна институција ниту една манифестација, се е во надлежност на централната власт.

Велјаноски додаде дека зад општината стојат над 150 културни анстани, издавање на над 30 книжевни дела на малди автори, 20 ликовни изложби, потоа   одржувањето на  двата охридски хорски фестивали , се помагаат фолкорни здруженија,  како  и  манифестацијата “Прличевите беседи“, а посмртно е објавена и збирката раскази на Зоран Ковачасеки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top