Ознака: 2011

gradski grobista

ЈП „Градски гробишта“ – Охрид ќе врши евиденција на новите гробни места

Post Views: 0 Ова јавно претпријатие согласно правилникот за работа во периодов кој претстои ќе изврши виденција на гробните места од 2011-та година. За таа цел Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ ги повикува граѓаните кои во периодот од 01.01.2011 година, па досега, купиле, односно се стекнале со употреба на гробно место, да појдат во административните простории на јавното претпријатие и да ги понесат документите заради дополнување на компјутерската евиденција. Подетални информации, граѓаните можат да добијат на телефон 046/ 267 268. {loadposition content9}

Continue reading

supermesecina

Вечерва фрлете поглед кон месечината !

Post Views: 5 Благодарение на флуктуација на орбиталната механика, Месечината вечерва(19 март 2011) ќе понуди неверојатна глетка! Супермесечината во 8 часот вечерва ќе биде најблизу до Земјата во последните 18 години. Ако не е облачно, ќе видиме огромна полна Месечина оддалечена „само“ 221 565 километри. На својот врв – најблиската точка до која ќе се доближи Месечината, таа ќе изгледа 14% поголема и 30% посветла одошто другите појави на полна месечина. Супермесечината нема да предизвика природни катастрофи. Последната ваква појава на супер – месечина беше во 1983 година. Иако теоретски...

Continue reading

evrosong

Која песна ќе се пее во Диселдорф?

Post Views: 9 Дваесет песни и исто толку изведувачи ќе се натпреваруваат за билет до Диселдорф.  На конкурсот што го организираше МРТВ, пристигнале 88 композиции, но по селекцијата биле одбрани 20, чиишто изведувачи се држат во тајност под шифра. Во наредните неколку денови ќе следат средби со авторските тимови и избор на пејачите кои ќе ги изведуваат композициите. Македонија по ждрепката беше сместена во второто полуфинале, а македонскиот претставник ќе настапи на 12 мај. Првото полуфинале ќе се одржи на десетти мај, а големото финале на кое ќе се одлучи победникот ќе се одржи на...

Continue reading

RK Ohrid 2011

РК „Охрид 2011“ во сигурни раце

Post Views: 28 Локалната самоуправа на Охрид им даде силна поддршка на охридските ракометари за влез во ракометната супер лига.  „Нормално беше да се прифати понудата од Ракометната федерација на Р. Македонија, на местото од РК Струга, во супер лигата да влезе охрисдкиот РК, и затоа со финансиска инекција од 25 илјади евра до помогнавме РК „Охрид 2011“, вели првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој додаде дека реализацијата на оваа финансиска поддршка следи како резултат на пошироката координација со спортските работници и со вклучувањето на бизнис заедницата.  „На општо задоволство...

Continue reading

small breast

Во тренд ќе бидат мали гради

Post Views: 2 Како што се менуваат трендовите во облеката, така секоја година се менуваат и трендовите на најпожелна големина на женски гради. Според истражувањата направени врз основа на навиките при купување градници, 2011-та ќе биде година на мали гради. Научниците тврдат дека промените во преференците на градници најчесто се менуваат на секоја втора година, а врз вкусот најчесто влијаат бројните реклами, славните актерки, пејачки и манекенки.По годините на големи гради и силиконски имплантанти во 2011-та се очекува малите гради повторно да бидат актуелни. Сепак, истражувањата...

Continue reading

RK Ohrid 2011

Охридските ракометари ја започнуваат Суперлигашката авантура

Post Views: 16 Охриѓани годинава ќе имаат привилегија на свој терен да следат Суперлигашки ракомет, а сето тоа благодарение на момците од ракометниот клуб Охрид 2011. Тие, за само неколку дена, во недела, ја започнуваат својата Суперлигашка авантура. Со своите игри, залагање, борбеност и посветеност во изминатите две сезони, овие момци покажаа и докажаа дека знаат ракомет. Тие во последен момент и благодарение на локалната самоуправа, но и локалните бизнисмени го фатија возот за ракометната елита, откако беа условно претворени во акционерско друштво што беше првиот услов за настап...

Continue reading

Секс, политика и филм

Post Views: 8   Спорниот филм за екс директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, за десет дена го гледале 100.000 луѓе што е далеку над очекувањата, соопштила на 29 мај продукциската куќа Wild Bunch. Филмот “Добродојдовте во Њујорк” премиерно беше прикажан под многу необични околности на 17 мај во Кан, но во француските кино сали го нема, па така може да се гледа само на интернет а тоа треба да се плати. Продуцентската куќа Wild Bunch пред премиерата навела дека очекува 120.000 гледачи за да се покријат трошоците на продукцијата. Филмот предизвикал бурни реакции...

Continue reading

rakomet

Ракометот во Охрид има светла иднина

Post Views: 1 Ракометот во Охрид се враќа на голема врата, а младите се неговата иднина. Вчера во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, средната категорија на ракометари од Охрид и Струга одиграа контролен натпревар, со цел младите да видат што значи двобој со противници од својата возраст како и да го почуствуваат пулсот на паркетот, вели Ѓоко Апостолоски тренерот на младинската школа на РК Охрид 2011. Тој додава дека очигледно е тоа што кај младите преовладува спортскиот дух, а пред се ентузијазмот и веќе за наесен подготвуваат екипа во националните кадетски лиги за натпреварувачката...

Continue reading

РК Охрид

РК „Охрид 2011“ ќе се натпреварува и покрај неправедната казна

Post Views: 16 Ракометниот клуб „Охрид 2011“ продолжува со натпреварите во првата лига. Вака синоќа одлучи управниот одбор на ракометниот клуб по казната која им ја изрече Ракометната федерација.  РК „Охрид 2011“ е казнет со 120.000 денари и три месечна забрана на спортски ангажман за тренерот Горан Андоновски. Наместо да се санкционира клубот „Ринија“ заради заканите и физичкото насилство врз охридските ракометари, ракометната федерација го казни РК Охрид. Со таквата одлука РФМ примени двојни аршини за насилничкото однесување на РК „Ринија“. Овој клуб и во 2011 на гостување во Охрид...

Continue reading

rakomet plakata

Хуманитарен ракометен натпревар во СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 0 Љубителите на ракометот ги очекува вистинска ракометна бајка. Ветераните на охридскиот ракомет и сегашните сили на ракометниот клуб Охрид 2011 ќе водат тешка ракометна битка. Дуелот на титаните ќе го играат од најстари до најмлади. На овој натпревар ќе настапат членови од првите ракометни клубови во Охрид од екипите на „Галеб“, „Полет“ и „Локомотива“ па се до најмладите јуниори од школите на „Седмерец“ и ракометниот клуб  „Охрид 2011“. „Сите оние кои на некој начин допринесле да живее ракометот во Охрид, ќе се соберат на едно место, со една хуманитарна цел. Ќе одиграат...

Continue reading

плаза

Нисплатените субвенции закана за ин каминг туризмот

Post Views: 4 Доведено во прашање носењето на странски гости во земјава. Причина да се откажуваат договорите за склучување нови аранжмани на странските пазари се неисплатените субвениции на  голем број туристички агенции кои се ориентирале кон ин каминиг туризмот. Исплатата на субвенциите на туристичките агенции доцни скоро една година, вака се жалат сопствениците на агенциите кои имаат побраувања по овој основ, а  не сакаат јавно да зборуваат за овој сериозен проблем. Кратко коментираат дека се разочарани од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот која од септември 2011 година...

Continue reading

trpejca

Трпечјани револтирани и од локалната и од државната власт

Post Views: 0 И покрај ветувањата кои Трпејчани ги добиле и од државните и од локлните органи, проблемот со дивоградбата ИВИРЕ сеуште не е решен. Тие се категоричени дека не се откажуваат и дека правдата ќе ја бараат до крај. „Сакаме да ја информираме јвноста дека сеуште не се превземени активности во насока на решавање на проблемот кој ни беше ветен од локаланата самоуправа дека во одреден рок ќе се реши, рокот помина, а нашите барања тапкаат во место. Бараме институциите на локалната самоуправа да ги превземеат своите надлежности и да го спроведат решението за рушење од 14. 07...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top