Ракометот во Охрид има светла иднина

Синоќа во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“, младите ракометари од 10 до 12 годишна возраст од Охрид и Струга, ги одмерија силите. Победи екипата на РК Охрид 2011.

 |  Николоска Биљана  | 
rakomet
ракомет

Ракометот во Охрид се враќа на голема врата, а младите се неговата иднина. rakometВчера во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, средната категорија на ракометари од Охрид и Струга одиграа контролен натпревар, со цел младите да видат што значи двобој со противници од својата возраст како и да го почуствуваат пулсот на паркетот, вели Ѓоко Апостолоски тренерот на младинската школа на РК Охрид 2011. Тој додава дека очигледно е тоа што кај младите преовладува спортскиот дух, а пред се ентузијазмот и веќе за наесен подготвуваат екипа во националните кадетски лиги за натпреварувачката сезона.

„Пред се со младите е специфично да се работи сите имаат голема желба, меѓутоа се темпераментни и со нив мора да се работи чуствително затоа што во нивниот период на развој треба да се обрне внимание на многу работи. Во секој случај јас сум презадоволен од одзивот и од она што го покажуваат дечињата“.

rakometПознато е дека Струга претставува расадник на ракометарските репрезентативци, вели проф. Јаковче Матлиески тренерот на РК Јуниор Струга. Само со упорна работа, вежби, тренинзи а секако и со дисциплина,  децата можат да се профилираат во врвни спортисти во иднина, додава Матлиески.

„Има околу 90 деца кој прекрасно се снаоѓаат во ракометната игра и ако сакаат да спортуваат само во РК Јуниор можат да напредуваат. Чест ни е што сме во Охрид кои почнаа да работат со мали категории и во иднина ќе имаме почести средби“.

Младите ракометари од двете екипи подготвени за предизвик. Дел од нив настапија за прв пат, некои се пофалија со повеќе утакмици и голови, но сепак очигледно е дека децата се соживеале со ракометот.

Синоќа победи Охридската екипа.  Но според тренерите не беше важен резултатот, туку да се види колку децата научиле од тренинзите и секако во рамките на нивните можности да покажат една квалитетна игра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top