Вечерва фрлете поглед кон месечината !

Благодарение на флуктуација на орбиталната механика, Месечината вечерва
(19 март 2011) ќе понуди неверојатна глетка!

 |  Маја Савиќ  | 
supermesecina
supермесечина

Благодарение на флуктуација на орбиталната механика, Месечината вечерва
(19 март 2011) ќе понуди неверојатна глетка!

super mese;inaСупермесечината во 8 часот вечерва ќе биде најблизу до Земјата во последните 18 години. Ако не е облачно, ќе видиме огромна полна Месечина оддалечена „само“ 221 565 километри. На својот врв – најблиската точка до која ќе се доближи Месечината, таа ќе изгледа 14% поголема и 30% посветла одошто другите појави на полна месечина.

Супермесечината нема да предизвика природни катастрофи. Последната ваква појава на супер – месечина беше во 1983 година.

Иако теоретски полната месечина трае само еден момент, сепак тој момент не е забележлив за обичните набљудувачи. За време на претходниот и следниот ден, најголем број гледачи ќе кажат дека гледаат полна месечина, бидејќи неосветлената лунарна површина е толку тесна и промената се случува многу споро.

Кога месечината се наоѓа во близината на хоризонтот, таа може да изгледа апсолутно огромна. Тоа е познато како „месечева илузија“, комбинирана со реалноста за да се произведе една навистина прекрасна глетка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top