Секс, политика и филм

Нов хит на интернет

 |  инфодеск  | 

 

Спорниот филм за екс директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, за десет дена го гледале 100.000 луѓе што е далеку над очекувањата, соопштила на 29 мај продукциската куќа Wild Bunch.

Филмот “Добродојдовте во Њујорк” премиерно беше прикажан под многу необични околности на 17 мај во Кан, но во француските кино сали го нема, па така може да се гледа само на интернет а тоа треба да се плати.

Продуцентската куќа Wild Bunch пред премиерата навела дека очекува 120.000 гледачи за да се покријат трошоците на продукцијата.

Филмот предизвикал бурни реакции во Кан каде не добил аплаузи по проекцијата, како ни актерите кои дошле да се поклонат на публиката.

Строс-Кан најавил тужба против авторот на филмот, иако во него не се споменува директно неговото име. Меѓутоа, очигледно е дека филмот е инспириран со неговата сексуална афера од 2011 година.

Филмот е негативно оценет од филмските критичари, сметајќи дека, покрај документарната содржина, Жерар Депардје кој го глуми Строс-Кан, не се обидел да го прикаже како веродостоен економист и политичар за кој се веруваше дека би можел да стане претседател на Франција.

Хотелската собарка во Њујорк го обвини Строс-Кан во 2011 година дека се обидел да ја силува. Строс-Кан  во САД е ослободен од обвинението, но поради таа афера беше принуден да поднесе оставка на местото шеф на ММФ.

Со тоа пропаднаа неговите реални шанси да биде силен кандидат на социјалистите на изборите за претседател на Франција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top