Ознака: 2011

enap

Најголемата мака на македонците, „ притисакот“

Post Views: 3 Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот “enalapril” е топ број еден најкористен лек за 2012 година. Тоа е за 7,8 проценти повеќе од 2011 година. Овој лек е во групата на кардиолошки лекови кои делуваат на ренин-ангиотензин системот. Зголемување на потрошувачката во однос на 2011 има и лекот за смирување Diazepam со 882.013 реализирани рецепти. Ако се има предвид дека овој лек во многу аптеки се добива и без рецепт, тогаш неговата реална потрошувачка е многу поголема. Токму ваквата потрошувачка на антидепресиви беше иницијатива уште лани министерството за здравство...

Continue reading

zeni

Македонската жена помалубројна, но пообразована и подолговечна

Post Views: 9 Македонската статистика покажува дека припадничките од понежниот пол во земјата иако се помалубројни за разлика од мажите, сепак живеат подолго, а во исто време имаат поголемо образование од посилниот пол. Според процената на населението во земјава, процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население е речиси подеднакво, 49,9 отсто од населението се жени, а 50,1 отсто се мажи, додека просечната возраст на жените изнесува 38,3 години , додека на мажите 36,7 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број на вработени жени,...

Continue reading

sednica Struga

Урбана опрема, што е тоа?

Post Views: 9 Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема. Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...

Continue reading

logo

Кроација осигурување најголем раст на пазарот за осигурување

Post Views: 12 Кроација осигурување – Друштвото за неживотно осигурување ги објави резултатите од работењето во 2011 година и ревидираните финансиски извештаи за 2011 год. Во деловната 2011 година Друштвото забележа раст на премијата од 82% во однос на претходната 2010 година, со склучени над 50.000 договори или 64% повеќе од 2010 година.Во втората година од работењето, оствари добивка пред оданочување од 12.241.495,00 денари, како резултат на раст на приходите во 2011 година за 97% повеќе во однос на 2010 година.  Исплатени се штети во износ од 57 мил денари, а техничките резерви...

Continue reading

najdobar promotor na Makedonija

Најдобар промотор на Македонија за 2011

Post Views: 10 Избрани лауреатите за наградата “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година. Според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчески  во категоријата уметност и наука, охриѓанецот Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонска кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање. Оваа година жирито додели и три еднакви...

Continue reading

Adam Sandler

Десет „Златни малини“ за Адам Сендлер

Post Views: 3 Комичарот Адам Снедлер и неговиот филм „Џек и Џил“, ги урнаа сите рекорди на доделувањето на наградите „Златни малини“, за најлоши филмски остварувања во 2011 година. Сендлер со неговиот филм освои „награди“ во дури десет категории, вклучувајќи ги и оние за најлош актер и најлош филм. Фондацијата „Златна малина“ објави дека комедијата во која Сендлер, ги доби наградите за најлоша машка и женска улога, како и за најлош филм, режија и сценарио, ги соборил сите рекорди во 32-годишното постоење на оваа манифестација. „Победниците“ на манифестацијата ги одредува жири составено...

Continue reading

zimsko smetanje

Започнува зимското сметање на времето

Post Views: 4 Вечерва завршува летното и почнува зимското сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад. Летното сметање на времето во 2011 година завршува на 30 октомври во 3 часот со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад со што времето се смета како 2 часот. {loadposition content9}

Continue reading

kejt hats

Војводка на шеширчињата

Post Views: 11 Војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е прогласена за жена со најубави шешири за 2011 година од страна на „Асоцијацијата на шешири“.Но, тоа не треба да не чуди бидејќи уште додека беше верена со принцот Вилијам таа се закити со титулата личност со стил за 2010 година. Некои пак тврдат дека шеширите се почесто се во тренд како и во Америка токму поради Кејт, со што е познат како „ефектот Кејт“.„Асоцијацијата на шешири“ е основана во 1908 година, а пред Кејт за личности со најубави шешири беа избрани Викторија Бекам, Лејди Гага, Сара Џесика Паркер, Арета Френклин, Џони...

Continue reading

am

Волшепство кое не бледнее – Amazing Macedonia

Post Views: 6 Аудио визуелниот проект (40 минутна видео презентација во двд формат) со наслов Amazing Macedonia – Волшебна Македонија, издание на Трето Уво, во мeсец септември 2011-та, беше номиниран и ја освои престижната награда Golden Interstas – Златен Интерстас која ја доделува Европската Федерација на туристички новинари со седиште во Рим, Италија (еднакво на мал Оскар во категоријата на Туристички филмови), а свеченото доделување на наградите ќе се одржи во рамките на 14-от Меѓународen фестивал на туристички филмови во Сплит Хрватска од 12 – 14 Октомври 2011-та....

Continue reading

Jose Murighno

Мурињо го продолжи договорот со Интер до 2011

Post Views: 1 Португалецот го превзеде кормилото на Интер на почетокот од оваа сезона потпушувајќи тригодишен договор со трајност до 2011. Мурињо во својата прва сезона во Серија А успеа да стигне до титула во Италјанскиот шампионaт, четврта во низа за Интер. Во последните неколку недели тој стана мета и приорите на Реал Мадрид по што Интер брзо реагираше и му достави нов договор.Мурињо ја продолжи верноста за уште една додатна година и сега ќе биде обврзан кон Интер до јуни 2012. “Како одговор на желбите на тренерот да продолжи со проектот кој го започнавме заедно пред една година,...

Continue reading

Goran Pandev

Каде ќе оди Пандев?

Post Views: 6 Напаѓачот на Лацио, Горан Пандев, сака да игра во поголема екипа, а Јувентус може да го користи Винченцо Јакинта како дел од договорот за Македонецот да го донесе во Торино. Претседателот на Лацио за Пандев бара 20 милиони евра, додека весникот „Кориере де ла Спорт“ пишува дека Јуве ќе предложи размена со Јакинта. За услугите на 25 годишниот играч се заинтересирани многу екипи меѓу кои и Хамбург, Тотенхем, Фиорентина и Интер. Договорот на Пандев со Лацио завршува во 2011 година. {loadposition content9}

Continue reading

11.11.11

Значењето на 11.11.11

Post Views: 9 На почетокот од годината експертите предвидуваа дека еден од најзначајните датуми  би можел да биде денешниот ден 11.11.2011 година. Некои од нив споменуваат крај на светот, но и почеток на трета светска војна. Додека едни нумеролози тврдат дека овој ден ќе биде лош за сите, други тврдат дека ќе биде најсреќниот ден  за сите оние кои успеале да го доживеат. Нумеролозите кои го прогнозираат овој ден за лош, велат дека жените ќе бидат многу чувствителни, мажите неодлучни, додека децата ќе страдаат во различни ситуации. Бројот 11 е главен број на нумеролошкиот систем,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top