Значењето на 11.11.11

На почетокот од годината експертите предвидуваа дека еден од најзначајните датуми  би можел да биде денешниот ден 11.11.2011 година.

 |   | 
11.11.11
11.11.11

11.11.11На почетокот од годината експертите предвидуваа дека еден од најзначајните датуми  би можел да биде денешниот ден 11.11.2011 година.

Некои од нив споменуваат крај на светот, но и почеток на трета светска војна. Додека едни нумеролози тврдат дека овој ден ќе биде лош за сите, други тврдат дека ќе биде најсреќниот ден  за сите оние кои успеале да го доживеат.

Нумеролозите кои го прогнозираат овој ден за лош, велат дека жените ќе бидат многу чувствителни, мажите неодлучни, додека децата ќе страдаат во различни ситуации.

Бројот 11 е главен број на нумеролошкиот систем, кој со себе носи разочарување, чувствителност и губење концентрација, истакнуваат едните нумеролози. Додека според другите истиот датум претставува канал на потсвеста и рефлекс во односите меѓу доброто и злото.

И астролозите се со поделени мислења. Едните велат: Бидејќи синоќа било полна месечина во знак на Бик, а сега се наоѓаме во владение на знакот Шкорпија, тоа ќе предизвика пад на концентрацијата, посебно кај луѓето кои се учесници во сообраќајот, денес може да очекуваме поголем број сообраќајни несреќи. Истите додаваат дека овој ден нема да биде добар за Биковите, Лавовите, Шкорпиите и Водолиите.

Од друга страна пак, видовитите луѓе тврдат дека денес во 11 часот и 11 минути ќе започне глобалното будење на луѓето, хармонично соединување, па дури и отворање портали во нови димензии. Поедини експерти предвидуваат голема промена во човечката свест.

Ели Кристал, видовита и авторка на многу книги, за Франс Прес истакна дека поедини луѓе уверени се дека денес ќе биде отворен порталот кој ќе “ги пренесува верниците преку мост“ од двојноста на нашиот свет во ново единство, што таа одлучно го отфрла тоа мислење.

Исто така, авторката изјавила дека денес нема да се случи никаква апокалипса, цитирајќи дека до крај на светот според календарот на Маите ќе дојде на 21.декември 2012 година.

weding

Според нумеролозите во Велика Британија, овој датум  значи идеален ден за свадби. Бројката 11 носи поголема страст и емоции. Датумот 11.11.11 претставува одлична бројка и за соработка.

11.11.11 доаѓа само еднаш во еден век, а илјадници невести ќе застанат пред олтарот за да бидат дел од тие среќни моменти на датумот совршен за среќа во љубовта.

-Година по година, можеме да видиме како расте бројот на невести кои се венчаат на ваквите посебни датуми, вели Ејми Касарола менаџер за свадби.

Податоците говорат дека некои невести со години однапред се подготвуваат за овој датум. За 11.11.11 единаесет проценти од невестите ја одбрале својата венчаница уште пред 11 месеци  пред овој среќен датум.

bride

Што е тоа што е толку големо во овие бројки? Илјадници во светот имаат испланирано нешто посебно токму за овој ден.

Сите двојки планираат да го кажат судбоносното “да“ на 11.11.2011, во 11 часот и 11 минути.

Еве зошто и овој датум е посебен:

-11.11.11 е посебен, бидејќи не постои друг датум кој се состои од истите бројки. Овој ден доаѓа еднаш на 100 години, што значи денес е голем ден за сите оние луѓе кои го доживеале овој единствен датум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top