Кроација осигурување најголем раст на пазарот за осигурување

Кроација осигурување – Друштвото за неживотно осигурување ги објави резултатите од работењето во 2011 година и ревидираните финансиски извештаи за 2011 год.

logo
лого

Кроација осигурување – Друштвото за неживотно осигурување ги објави резултатите од работењето во 2011 година и ревидираните финансиски извештаи за 2011 год.

Во деловната 2011 година Друштвото забележа раст на премијата од 82% во однос на претходната 2010 година, со склучени над 50.000 договори или 64% повеќе од 2010 година.
Во втората година од работењето, оствари добивка пред оданочување од 12.241.495,00 денари, како резултат на раст на приходите во 2011 година за 97% повеќе во однос на 2010 година.  Исплатени се штети во износ од 57 мил денари, а техничките резерви изнесуваат  158 мил денари. Вложувањата на Друштвото изнесуваат 310 мил денари и ги покриваат резервациите, проценети на 25 мил денари.Друштвото за две години отвори 15 продажни места-подружници низ целата држава и вработува 60 работници од кои 60% се млади луѓе без претходно работно искуство.

logo“Во целост сме задоволни од постигнатите резултати, посебно од одзивот на пазарот за нашата ефикасност во исплаќање оштети кои имаат основ според полисата за осигурување. Посебно важно е дека брендот на КО успешно се етаблира на нашите простори и ги следи успшешните резултати на групата Кроација осигурување во регионот која во 2011 година забележа промет од  400 мил евра и профит од 15 мил евра. За нас е посебно важно континуирано да ги унапредуваме  и стандардизираме  процесите на работење
согласно корпоративните и европските стандарди, со што би допринеле кон поквалитетна услуга на македонскиот осигурителен пазар – истакна Драган Лазарески, Генералниот директор  на Друштвото и додаде дека планирани приоритети за 2012 година е зголемување во пазарниот удел и подигање на нивото на квалитетот на услугата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top