Најдобар промотор на Македонија за 2011

Наградата за 2011-та година е организирана по вторпат од проектот „Macedonia Loves You“, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14ти март во Скопје.

 |   | 
najdobar promotor na Makedonija
najdobar promotor na Makedonija

Избрани лауреатите за наградата “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година. Според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчески  во категоријата уметност и наука, охриѓанецот Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонска кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање.
Оваа година жирито додели и три еднакви награди за животно дело. Овие награди ги добија  Вирџинија Еванс, Градимир Панков и Симон Трпчески за своите многугодишни, врвни достигнувања и дејност.
Сите ја промовираа Македонија, и победници се сите! На сите учесници во изборот ќе им се доделат соодветни медали, дипломи за благодарност и почесни признанија за се што имаат направено за Македонија и посветено да продолжат да го прават тоа и понатаму.
Наградата за 2011-та година е организирана по вторпат од проектот „Macedonia Loves You“, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14ти март во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top