Урбана опрема, што е тоа?

Советниците на Струга ја одржаа 26 тата седница. На оваа седница пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ,  Момчило  Аврамоски, јавно кажа каде лежи вината за се почестите катастрофи – во програмата за поставување на урбана опрема.

 |  Билјана Николоска  | 
sednica Struga
седница Струга

sednica na SovetСедница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема.

Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна комисија која ќе ја испита законитоста на работењето на сите објекти.

Илија Мацески од СДСМ не е согласен со предлогот на Зунова, но порача програмата да се почитува од надлежните инспекциски служби.

И Сурија Рушити смета дека нема потреба од формирање на анкетна комисија, но сепак ќе ја подржи програмата за поставување на урбана опрема таква каква што е.

Најжестоко и најемоционално по предлог програмата за поставување на урбана опрема за 2011 год, предупреди Момчило Аврамоски од ВМРО – ДПМНЕ. Тој јасно кажа дека воопшто не е задоволен од поставеноста на урбаната опрема во градов, за што во најмала рака е сведок немилиот настани каде имаше и жртви, а вистинските виновници не треба да се амнестираат.

Сретен Бандоски, како член на комисијата за урбанизам исто така кажа дека главниот проблем не е во програмата туку во надлежните инспекциски служби кои очигледно затајуваат. Тој рече дека и малите деца знаат како се работи во Струга, посебно со поставувањето на времените објекти кои ги има 134 а дозвола имаат дамо 9 од нив.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top