Градоначалникот Петрески ја оценува 2010 год

За годината на заминување, а на која и се бројат последните часови, градоначалникот Александар Петрески ја оценува како тешка и на економски и на политички план.

 |  Валентина Неловска  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

За годината на заминување, а на која и се бројат последните часови, градоначалникот Александар Петрески ја оценува како тешка и на економски и на политички план. Петрески истакнува дека  од секојдневните контакти со граѓаните видлива е сиромаштијата како никогаш досега.
„Само што најавивме дека ќе делиме социјална помош, верувајте дека секојдневно на мојаат домашн врата и во општина доаѓаат луѓе кои бараат социјални пакети.Толку им е тешко што не се срамат и јавно да побараат социјална помош“.  
Градоначалникот додава дека 2010 година ја одбележаа повеќе негативни настани. Вели, за жал не можам да се сетам на нити еден позитивен настан. Додека, пак од многуте негативни  го издвојува настанот со поплавите кои се случија во делови на  градот и околината на самиот почеток од 2010.  
„На несреќата и штетите од поплавите се случи политика“, вели Петрески.
Градоначалникот вели по природа сум оптимист и очекувам во 2011 година да се намали сиромаштијата и на економски план работите да тргнат на подобро. Политиката да се тргне од работите на кои не и е местото. Градоначалникот, вечерва ги повикува охриѓани и гостите да дојдат на градскиот  плоштад  заедно да ја дочекаат Новата 2011 година која очекува да биде подобра од претходната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top