Докуметарец за прославата на Водици во Охрид

Наскоро премиера на новиот филм на Охридскиот режисер Илија Пиперкоски.

 |  Крсте Голабовски  | 

Не очекува премиера на документарниот филм за Водици, за кој како режисер се потпишува охриѓанецот Илија Пиперкоски. Овој млад режисер, кој веќе подолг период живее и твори во Романија, годинава изработи документарен филм посветен на големиот христијански празник, Богојавление – Водици и самиот чин на фрлање на светиот крст во водите на Охридското езеро. Филмот својата премиера ќе ја доживее на 24 декември оваа година во Охрид, 14-ти јануари 2011 во скопје, а после тоа како што вели Пиперкоски, филмот ќе почне да го шета него како режисер низ Европа, со цел оваа наша традиционална прослава на Водици биде видена насекаде.

 

Пиперкоски вели дека негова голема желба е самиот филм да учествува на што е можно повеќе филмски фестивали низ Европа, а со тоа ова наше традиционално славење на христијанскиот празник Водици, биде колку што е можно повеќе видено и афирмирано. За реализација на овој филмски проект, Пиперксоки донел 5 камермани од Романија кои ги распоредил на 5 различни локации на градското пристаниште за време на одржувањето на чинот. Секој од камерманите на свој начин доловил моменти од церемонијата. Илија додава не сака многу да открива за содржината на филмот, но вели дека преку него охриѓани ќе добијат одговори на голем број прашања врзани за самиот чин на фрлање на крстот во водите на езерото.И покрај туристичката промоција на Охрид и земјава која овој филм ќе ја овозможи, Пиперкоски вели дека создавањето на филмот самиот тој го финансирал. Разочаран е од односот на институциите до кои уредно се обратил за помош. Иако три недели претходно ги информирал од МПЦ, дека му е потребно снимање на просторот во некои од црквите, негативниот одговор го добил само на ден пред почетокот на снимањето.

Проектите на Пиперкоски не запираат. На 16-ти овој месец, тој започнува со работа на негвиот најнов, овој пат игран филм. Илија вели дека во прашање е екранизација на многу интересна приказна, со романски актери и целосно романска екипа. Потоа тука е проектот со кој Илија ќе аплицира на конкурсот за финансирање на филмски проекти за 2011 година, од страна на Мин. за култура, по сценарио за кое лани на Фестивалот на филмската камера, Браќа Манаки го освои второто место. Пиперкоски е потпишан како режисер на 40 минутниот документарец “Јас и мојот живот без некои работи”, а на македонската публика и е познат и по филмот “Зошто го направив мојот грев”, во кој глумеа Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Рубенс Муратовски, Васил Шишков и Никола Кумев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top