Ознака: Црвен

Спасителите од Црвен крст ангели чувари на охридските плажи

Post Views: 3 Во еден ден спасени три животи.  Спасителите на вода, вистински херои,  само вчера извлекоја три активни давеници. Две деца спасени од давење во  базен и едно лице од плажата „Парк“. Спасителите на вода ова лето   подарија вкупно 15  животи. Од давење спасиле деца, непливачи, пијани и лица кои си ја прецениле  силата. „Најчести причини за кои настапува давење се топлотни разлики , значи неправилно влегување во вода, прејаденост, влегување во вода под дејство на алкохол и наркотици, неумеење да се излезе од вода односно незнаење да се плива. И други општи причини кои...

Continue reading

Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот Ден за Прва помош

Post Views: 4 Охридскиот Црвен крст, како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот. И оваа година со посебно...

Continue reading

БАДНИКОВИТЕ ПОВОРКИ СО ЦРВЕН ТЕПИХ НА ХУМАНОСТА

Post Views: 1 Втора година по ред, Бадниковите поворки на радост, коишто вообичаено вклучуваат директно учество на стотици деца, ќе бидат заменети со големи хуманитарни акции, бидејќи пандемиските услови налагаат воздржување од групирање. Божикната радост, љубов, топлина и добрина во целиот претпразничен период и за време на Бадник и Божик, ќе се шири во вид на грижа за нашите сограѓани коишто се погодени од кризата и имаат егзистенцијални проблеми. На 04.01.2022 година (вторник), во периодот од 10.00 до 16.00 часот на Градски плоштад„ Св.Климент Охридски “ ќе биде реализирана хуманитарната...

Continue reading

Црвен крст-Охрид ќе го одбележи Денот на крводарителството

Post Views: 0 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. „Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат  потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи“– велат од...

Continue reading

Охридските волонтери на Црвен крст подготвени за помош на сограѓаните во зимски услови

Post Views: 0 Единицата за спасување на планина и непристапни терени на ОО ЦК е подготвена за интервенции. Волонтерите ќе одговорат на потребите од сограѓаните кои во овие зимски денови ќе се јават во нивниот центар и ќе побараат помош. Од денешната координација помеѓу Црвен крст и Центарот за управување со кризи било утврдено дека во моментов нема одсечени села во околината и жители во ризик, информира Сашо Точков. „ До нас не се пристигнати никакви барања нити јавувања од ЦУК за дејствување на нашата единица за спасување на планина и непристапни терени или за она што го објавивме...

Continue reading

Црвен крст Охрид активно вкучен во активностите за Богојавление Водици

Post Views: 5 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност. На 18.01.2020 (вторник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите...

Continue reading

Екипите на Црвен Крст-Охрид на висина на задачата на Водици

Post Views: 22 Спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст денеска беа на висина на задачата во поглед на безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици. Тие имаа полни раце работа. Успешно биле изведени 4 интервенции на извлекување премрзнати капачи од водите на езерото. Две од извлечените лица биле со сериозна хипотермија при што добиле медицинска помош во шаторите на црвениот крст.   На традиционалната крводарителска акција „Водици 2018“ под мотото „Една капка може да промени се“ која се реализираше во Центарот за култура „Григор...

Continue reading

Точков: Охридскиот Црвен Крст бележи година на стабилизација и надеж

Post Views: 2 Успешна година бележи Црвениот крст од Охрид. Со традиционален коктел на кој присуствуваа бројни граѓани и соработници, активистите на Црвениот Крст од Охрид ја заокружија 2017 година. Претседателот Сашо Точков изрази задоволство од сработеното, односно реализацијата на бројните хуманитарни акции кои најчесто се во знакот за помош на ранливата категорија на граѓани. Неговите очекувања за наредната година се дека ќе имаат доста работа, а меѓу приоритетите на општинскиот Црвен крст за 2018 година е воспоставување на систем за спасување. „Изразувам големо задоволство и...

Continue reading

Театарската група на Црвен крст од Охрид блесна во Суботица со театарската претстава „Багаж“

Post Views: 3 Младите талентирани актери-аматери, волонтери на Црвениот крст Охрид, предводени од авторите на претставата „Багаж“ блеснаа пред бројната публика во Младинскиот театар во Суботица. Оваа претстава, театарската група на Црвен крст Охрид премиерно ја изведе на отворањето на годинешниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој се одржа во месец јуни. Весна Терзиоска, една од авторите на претставата вели дека станува збор за обработка на тема чијашто актуелност и свежина не познава граници барем во земјиве од регионов, бидејќи третира проблеми заеднички на...

Continue reading

Клубот на млади од охридскиот црвен крст организираат собирна акција на школски прибор.

Post Views: 5 Собирање на училишни торби, тетратки и друг школски прибор за првачиња е новиот проект на волонтерите од Клубот на млади при охридскиот ЦК. Младите активисти од оваа организација ги повикуваат сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата намнета за првчињата од Охрид и Дебрца. Ова не е прв пат волонтерите да организираат донаторска акција за децата кои прв пат влегуваат во училишните клупи, информира Ѓоко Маркоски од Клубот на млади. „Во изминатите години сме помагале на одредени деца со школски прибор, но сега се одлучивме за помасовна акција за да се мобилизираат повеќе...

Continue reading

Отворен ден за најмладите во ОО на Црвен Крст Охрид

Post Views: 9 Најмладите од предучилишна возраст денес се запознаа со значението на Црвениот Крст. Тие во просториите на ОО имаа можност да слушнат интересно предавање од волонтерите, а исто така гледаа и краткометражен филм со таткото на Црвениот Крст, Анри Динан. Мимоза Ставрева вели дека во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот Крст, ги вклучиле и најмладите со цела да ги научат двете најважни вредности на човекот, хуманоста и солидарноста. „Еве денес сме тука заедно со нашите најмали сограѓанчиња да го прославиме овој ден и недела да им кажиме уште од најмала...

Continue reading

ОО Црвен Крст Охрид го одбележа светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Post Views: 4 ОО на Црвен крст Охрид и оваа година се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Водени од основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и да го намалиме страдањето, вели Сашо Точков претседателот на охридското движење на Црвениот Крст. „На денешен ден во 1928 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот Крст, во таа чест насекаде во светот се чествува овој ден. Ние со мала пригодна свеченост...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top