Ознака: Црвен

tura

Црвен крст Охрид организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита

Post Views: 4 Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 20.02.2016 г. (сабота) организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита 1350мнв до Липова ливада 1650мнв, на планината Галичица, со можност и за искачување на некој од околните врвови. На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заШтита од дожд и ветар, храна и вода мин 1,5 л., капа,...

Continue reading

toefl

TOEFL тестот е новата подготвителна едукативна програма на Црвен крст Охрид

Post Views: 3 Од февруари почнува „Подгответе се за TOEFL тестот“ новата едукативна програма во реализација на  Црвен крст Охрид. Подготовките з атестот ќе бидат по симболична цена , а програмата  ќе се спроведува во наредните два и половина месеци, информира Мимоза Ставрева од ОО ЦК. „ Нудиме сосема поразлична програма од досегашните. Наменета не само за најмладите, туку и за студентите и вработените кои имаат потреба од ваква подготовка. Верувам дека пошироката јавност е запознаена со самата содржина   на тестот, затоа што е баран за сите оние кои сакаат да го продолжат своето образование...

Continue reading

Само употреблива облека да се одлага во контејнерот на Црвен Крст

Post Views: 4   Контејнерот за облека веќе година дена е поставен пред Црвениот Крст во Охрид. Со него им се овозможува на граѓаните, после работното време на Црвениот крст, односно после 16 часот, како и за викендите, да ја одлагаат облеката која сакаат да ја донираат. Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст, вели дека задоволни се од она што го донираат охриѓани но имаат и одредени забелешки, односно облеката 30% е неупотреблива. „Наоѓаме доста материјали кои што навистина не се за никаква употреба, искрено кажано не можат да послуѓат дури ни како крпи. Од таа причина апелираме...

Continue reading

ck

Клуб 25“ од охридскиот Црвен крст ја промовира крводарителната акција „Водици 2016“

Post Views: 9 Младите активисти при  ОО ЦК од „Клуб 25„ со флеш моб ги анимираа сограѓаните за утрешната крводарителна акција. Преку промоција на клубот кој има задача да ги мотивира младите луѓе и нивните активности се стави акцент на утрешната крводарителна акција „Водици 2016“, информира лидерот на клубот Васко Ѓорѓиевски. Во моментов  клубот брои 27 млади членови од кои повеќето се крводарители. „ Најчесто членовите се крводарители. Некои се со околу 7-8 крводарувања, некои се 18 годишници со околу 1-2 дарувања. Некои немаат дарувано ама  сакаат да бидат крводарители  и ќе се...

Continue reading

nagradi

Охридската организација на Црвен крст добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски

Post Views: 1 ОО на Црвен крст  е годинешниот добитник на највисокото општинско признание наградата Св.Климент Охридски. Ова највисоко признание оди во рацете на организацијата која 7 децении  ја сочинува тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници за несебичното работење,  активности и проекти со кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани, кажа градоначлникот Никола Бакрачески за доделувањето на  наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот. „Акцентот на нивното делување кое во овие турбулентни времиња е раритет свртен кон ублажување...

Continue reading

ck

ОО Црвен крст го одбележа денот за заштита од ХИВ/ Сида

Post Views: 5 На информативен пункт на плоштадот кај чинарот OO на Црвен Крст го одбележа денот за заштита од хив/сида. Волонтерите на организацијата делеа информативен материјал  за заштита од ова сексуалнопреносливо заболување. Акциите од овој вид се наменети кон младата популација , напоменуваат волонтерите од  охридскиот ЦК. „Најголемата едукација за сексуалните преносливи болести се одржуваат во Црвен крст и во основните и средните училишта. Обрнуваме внимание на децата и младите  од 13 до 25 годишна возраст.Волонтерите ги пренесуваат сите превентивни мерки против сексуално преносливите...

Continue reading

Општина Охрид, ЛК Десарети во соработка со Црвен Крст донираа за семејствата на работ на егзистенција

Post Views: 4 Повеќе од 60 охридски семејства од ранливата категорија граѓани денес добија пакет прехрамбени производи и средства за хигиена, во рамки на одбележувањето на светскиот ден за борба против гладта, 16 октомври. Општина Охрид, Црвениот Крст и Лајонс клубот „Десарети“ и оваа година се погрижија на луѓето од оваа категорија граѓани да им обезбедат намирници, потребни за едно четири члено семејство да поминат со нив еден месец. Состојбата во социјалната сфера според бројот на пријавени семејства на кои им е потребна помош не е на задоволително ниво забележува Мимоза Ставрева,...

Continue reading

Воспоставена соработка меѓу воздухопловниот ВИНГ на АРМ и ПСС од Охрид

Post Views: 21 Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции. Соработката ја започнавме како дел од проектните активности на проектот „Нови можности за безбеден зимски авнтуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, ИПА програмата за соработка со Албанија, кој има за цел, зголемување на ефикасноста на ПСС во прекуграничниот регион,...

Continue reading

gradinka

Најмладите од струшките градинки станаа подмладок на Црвен крст

Post Views: 5 Струшкиот црвен крст ширум ги отвора вратите за сите хумани луѓе. Дел од големото семејство е и Даниела Белеска, идна медицинска сестра, средношколка во прва година, која е  волонтер на струшката организација на Црвениот крст. Таа веќе  три години е во оваа невладина организација. За прв пат се вклучила како седмооделенка во 2007 година и била дел од големата кампања за помош на децата без родители. Сега своето искуство и знаење  им го пренесува на помладите од неа. Дечињата кои ја посетуваат  детската градинка Пеперутка во Струга, Стефан, Матеја, Зоја, на возраст од...

Continue reading

Vanesa

Златна ролка

Post Views: 3 Ванеса Парадис е мета на жолтиот печат веќе подолг период,  поради гласините кои се шират дека нејзинот брак со Џони Деп се распаѓа после 15 години заеднички живот. И како тоа да не е доволно, нејзиниот стилист и направил лоша услуга со изборот на фустанот за нејзиното најсвежо појавување на црвен килим. Ванеса се појавила на црвениот килим повторно сама, без придружба на Деп, во светкав арт деко фустан со длабоко деколте што ги покажува нејзините коски на градниот кош многу повеќе од градите. Критичарите велат дека таа комплетно го згрешила изборот на фустанот не...

Continue reading

Црвен крст Охрид доби контењер за донирана облека

Post Views: 7 Алфа банка – Охрид на ОО на Црвен крст на им донираше Контењер. Неговата намена е да се користи како место, каде сите хумани граѓани ќе имаат можност да донираат облека. Ваков контењер за прв пат се поставува во општина Охрид вели секретарот на Црвениот крст Мимоза Ставрева. Таа нагласи дека овој контењер претставува олеснителен начин како за граѓаните така и за Црвен крст за прибирање и распоредување на донираната облека. „Од 2009 година заедно со групацијата Алфа Банка, конкретно со експозитурата во Охрид имаме континуирана соработка по повод  волонтерскиот ден на...

Continue reading

Во Охрид црвен тепих ќе има на затварањето на Францускиот филмски фестивал

Post Views: 1 Во Охрид нема да се отвори, но затоа пак ќе се затвори Францускиот филмски фестивал. По осми пат од 11 до 20 јуни ќе се одржи Француски филмски фестивал во Македонија, на кој ќе бидат прикажани  9 филмови. Свеченото отварање на Францускиот филмски фестивал е одзмен од Охрид и  трет пат по ред ќе се отвора во Скопје. Сега  се намалуваат и деновите на прикажување на филмовите во Охрид. Минатата година фестивалот се одржуваше  по два дена во Скопје и Охрид, а годинава, според програмата на Францускиот филмски институт од  4 -те фестивалски денови 7 филмови ќе бидат прикажани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top