TOEFL тестот е новата подготвителна едукативна програма на Црвен крст Охрид

TOEFL тестот е новата подготвителна едукативна програма на Црвен крст Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
toefl

Од февруари почнува „Подгответе се за TOEFL тестот“ новата едукативна програма во реализација на  Црвен крст Охрид. Подготовките з атестот ќе бидат по симболична цена , а програмата  ќе се спроведува во наредните два и половина месеци, информира Мимоза Ставрева од ОО ЦК.

„ Нудиме сосема поразлична програма од досегашните. Наменета не само за најмладите, туку и за студентите и вработените кои имаат потреба од ваква подготовка. Верувам дека пошироката јавност е запознаена со самата содржина   на тестот, затоа што е баран за сите оние кои сакаат да го продолжат своето образование на универзитетите ширум светот, а чии мајчин јазик не им е англискиот“, потенцира Мимоза Ставрева од општинскиот Црвен крст.

Часовите за подготовката за полагање на TOEFL ќе започне да се спроведува во месец февруари под водство на Александар Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.Џоунс напоменува дека во текот на обуката ќе се опфатат сите 4 дела на тестот,  читање, пишување, зборување и слушање.

цк„ Ќе се посвети внимание на содржината на тестот, нема да се учи англиски затоа треба тие што ќе се пријават да имаат соодветно знаење за да можат да го полагаат тестот. Ќе трае десет недели, по две недели за секој дел од тестот и два дополнителни понеделници за да се извежба наученото“, наведува  Џоунс.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top