• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Охрид, ЛК Десарети во соработка со Црвен Крст донираа за семејствата на работ на егзистенција

Општина Охрид, ЛК Десарети во соработка со Црвен Крст донираа за семејствата на работ на егзистенција

Бројот на социјални случаи се зголемува. Тоа треба да не загрижува сите и потребно е да бегаме од политика и да бидеме повеќе хумани, со цел да можеме да достигнеме некои општочовечки вредности, порачаа од Лајонс Клубот „Десарети“, Охрид, на одбележувањето на светскиот ден за борба против гладта. Клучот за излез од вакавата состојба е обезбедување на вработување и развој на индустрија,  како што нагласи Ангел Јанев, од Локалната самоуправа на Охрид.

 |  Биљана Николоска  | 

Повеќе од 60 охридски семејства од ранливата категорија граѓани денес добија пакет прехрамбени производи и средства за хигиена, во рамки на одбележувањето на светскиот ден за борба против гладта, 16 октомври. Општина Охрид, Црвениот Крст и Лајонс клубот „Десарети“ и оваа година се погрижија на луѓето од оваа категорија граѓани да им обезбедат намирници, потребни за едно четири члено семејство да поминат со нив еден месец. Состојбата во социјалната сфера според бројот на пријавени семејства на кои им е потребна помош не е на задоволително ниво забележува Мимоза Ставрева, секретарот на ОО на Црвениот Крст.

„За жал списокот се зголемува морам да потенцирам и тоа е онаа категорија над 50 години, кои во моментот не можат да се преквалифиуваат и да најдат работа во својата струка а не се доволно млади за да можат да работат било што. За жал списокот се зголемува“– изјави Мимоза  Ставрева – секретар на ОО на Црвен Крст.

Општина Охрид и годинава се вклучи во заедничките активности со Црвениот крст за одбележување на неделата за борба против гладта. Како што информираше Ангел Јанев, заменик градоначалникот, обезбедиле намирници за стотина пакети.

 „Социјалната структура во градов ја познаваме сите, да е лесна не е, напротив тешка е како што е во сите градови во Македонија, побарување имало и ќе има, јас се надевам дека и овој ден и деновите кои следат бројот на тие побарувања ќе биде помал. Патот до намалувгање на побарувањето е преку обезбедување на работни места преку воведување на индустрија, преку вработувања тоа е најдобриот пат“-вели Ангел Јанев – заменик градоначалник.

Осма година по ред помагаме на ранливата категорија граѓани, изјави проф. Ристо Речкоски, од Лајонс Клубот „Десарети“, Охрид. Тој со апел до сите хумани граѓани и организации.

„Не само 16 ти октомври да биде еден ден, туку треба да ги искористуваме сите денови од годината во таа насока, бројот на социјални случаи се зголемува и тоа треба да бидат проблемите што нас ќе не загрижат, да бегаме од политика да бидеме повеќе хумани и само така можеме да достигнеме некои општочовечки вредности“-изјави Ристо Речкоски – Лајонс Клуб „Десарети“, Охрид.

Активистите на Црвениот крст денес ќе разнесуваат помош и до семејствата кои неодамна поради големите врнежи беа поплавени, станува збор за помош која доаѓа од меѓународната федерација на Црвен Крст и полумесечина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top