• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридската организација на Црвен крст добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски

Охридската организација на Црвен крст добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски

Охридската организација на Црвен крст добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски.

 |  Валентина Неловска  | 
nagradi

ОО на Црвен крст  е годинешниот добитник на највисокото општинско признание наградата Св.Климент Охридски. Ова највисоко признание оди во рацете на организацијата која 7 децении  ја сочинува тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници за несебичното работење,  активности и проекти со кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани, кажа градоначлникот Никола Бакрачески за доделувањето на  наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот.

nagrada„Акцентот на нивното делување кое во овие турбулентни времиња е раритет свртен кон ублажување на човечкото страдање, заштитата и здравјето воопшто, почит и достоинство за секое човечко битие, особено за време на вооружени конфликти, несреќи и  катастрофи, работа на превенција на болести, унапредување на здравствената  и социјалната добросостојба на луѓето и што е особено значајно  поттикнување на доброволен ангажман и постојана подготвеност за давање помош како универзално чувство  за солидарност и хуманост“, рече Бакрачески.

Св. Климентовата награда да се додели на ОО ЦК Охрид меѓу 9-те апликанти е одлука на комисијата во состав Гордана Коњановска- Претседател, Димитар Спасески, Ангел Јанев, Виктор Топаловски, Гоце Толески, Елизабета Јанкуловска и Људмил Видически. Комисијата имаше доста тешка задача и сметам дека кој и да беше избран од сите пристигнати кандидати за највисокото општинско признание нема да беше неправедно, истакна Бакрачески.

nagradi„Годинешниот број на апликанти  е значително поголем во однос на изминатите неколку години и е доволна потврда дека мотивираноста  да се добие највисоката општинска награда Св. Климент Охридски – Патрон на градот, од година во година  расте што ме прави особено среќен и горд како човек и градоначалник на Охрид“, подвлече Бакрачески.

Покрај оваа награда, градоначалникот  ги обајви и имињата  на добитниците на наградата на литературниот конкурс кој го распиша општината за основните и средните училишта. Добиници на наградата се Ема Николоска од 4 оддление од ОУ Григор Прличев, и Сергеј Костоски од СОУ Ванчо Питошески.
Објавата на наградите беше пропратена со музички настап на младиот  виолинист  Даниел Мојсоски,  ученик во ОМУ „Методи Патче“ во пијано придружба на професорот Даниел  Чуркоски.  
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top