Црвен крст Охрид доби контењер за донирана облека

Црвениот Крст на општина Охрид од Алфа Банка експозитура Охрид, доби контењер за складирање облека. Една ваква соработка претставува импулс, да се подигне на повисоко ниво јавната свест за општествена одговорност на компаниите во градот, и по овој овој пример да тргнат и останатите компании, сите на свој начин да помагаат.

 |  Николоска Биљана  | 

Алфа банка – Охрид на ОО на Црвен крст на им донираше Контењер. Неговата намена е да се користи како место, каде сите хумани граѓани ќе имаат можност да донираат облека. Ваков контењер за прв пат се поставува во општина Охрид вели секретарот на Црвениот крст Мимоза Ставрева. Таа нагласи дека овој контењер претставува олеснителен начин како за граѓаните така и за Црвен крст за прибирање и распоредување на донираната облека.

„Од 2009 година заедно со групацијата Алфа Банка, конкретно со експозитурата во Охрид имаме континуирана соработка по повод  волонтерскиот ден на банката. Во  изминатите години сме реализирале повече собирни акции претежно насочени кон социјално ранливото население во градот, меѓутоа еве годинава после неколкугодишната заедничка соработка, среќни сме да го промовираме и контењерот за донирање на облека кој денес се поставува пред просториите на Црвениот Крст во Охрид и кој ќе служи за сите  граѓани кои имаат половна облека, обувки и сл. да можат во било кој дел од денот да ги доставуваат до нас“ – нагласува Ставрева.

Контењерот за донирање облека за брзо време се исполни. Многу граѓани ја покажаа својата хуманост и сметаат дека облеката ќе отиде во вистински раце.

„Имавме доста облека дома и сакавме да им ја дадеме на граѓаните кои имаат потреба од неа, даваме и по луѓе, но добро е што е поставен контењерот подостапен е за нас граѓаните да ги донираме работите“

Вакви конењери досега има 6 во Скопје, информираат од Црвениот крст, Охрид. Оваа година Алфа банка донирала уште 7 контењери кои се поставени низ Македонија. Целта на Алфа банка и Црвениот Крст е да се подигне јавната свест за општествената одговорност на компаниите во градот, и овој пример да биде следен од останатите компании сите на свој начин да помагаат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top