Отворен ден за најмладите во ОО на Црвен Крст Охрид

Отворен ден за најмладите во ОО на Црвен Крст Охрид. Околку 30тина дечиња од предучилишна возраст денес во просториите на Црвениот Крст имаа можност да слушнат се за ова хуманитарно движење, од нивните волонтери.

 |  Николоска Биљана  | 

Најмладите од предучилишна возраст денес се запознаа со значението на Црвениот Крст. Тие во просториите на ОО имаа можност да слушнат интересно предавање од волонтерите, а исто така гледаа и краткометражен филм со таткото на Црвениот Крст, Анри Динан. Мимоза Ставрева вели дека во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот Крст, ги вклучиле и најмладите со цела да ги научат двете најважни вредности на човекот, хуманоста и солидарноста.

„Еве денес сме тука заедно со нашите најмали сограѓанчиња да го прославиме овој ден и недела да им кажиме уште од најмала возраст што значи организацијата на Црвениот крст во колку земји постои колку волонтери, во какви сфери делува да знаат од уште од најмала возраст што е хуманост и солидарност бидејќи сметаме дека тие две начаела се единствените кои што треба да ги водат напред во животот“

Ставрева со апел дека нивните врати се секогаш отоврени, не само за за време на одбележувањето на неделата на Светскиот ден на црвениот Крст.

„Нашите простории се отворени за сите добронамерници кои што сакаат да дојдат и да не видат како изгледа секојденвието во Црвен Крст, да се запознаат подобро со организацијата да прашаат нешто што ги интересира да добијат информации за која што се желни да ги знаат“

Дечињата од предучилишна возраст денес во просториите на Црвениот крст навистина уживаа и со внимание го следеа се она што волонтерите им го кажуваа и презентираа, а добар дел од нив и соработуваа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top