Црвен крст-Охрид ќе го одбележи Денот на крводарителството

Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството во Р.Македонија, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца.

 |   | 

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува.

„Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат  потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи“– велат од ОО на Црвен Крст Охрид.

Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството во Р.Македонија, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца.

По повод Денот на крводарителството во Р.Македонија, Црвен крст Охрид организира пригодна свеченост во своите простории на 16.03.2018 год. (петок), со почеток во 13:00 ч., на која Ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
Од ОО на Црвен Крст упатуваат особена благодарност  до медиумите за придонесот во унапредувањето и развојот на крводарителството во РМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top