• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските волонтери на Црвен крст подготвени за помош на сограѓаните во зимски услови

Охридските волонтери на Црвен крст подготвени за помош на сограѓаните во зимски услови

Охридските волонтери на  Црвен крст  подготвени за помош на сограѓаните во зимски услови. Старите или изнемоштени луѓе кои имаат потреба од услуга неопходна за живот може да го завртат бројот на ОО ЦК. Од таму велат дека досега до нив нема пристигнато барање за помош.

 |  Валентина Неловска  | 

Единицата за спасување на планина и непристапни терени на ОО ЦК е подготвена за интервенции. Волонтерите ќе одговорат на потребите од сограѓаните кои во овие зимски денови ќе се јават во нивниот центар и ќе побараат помош. Од денешната координација помеѓу Црвен крст и Центарот за управување со кризи било утврдено дека во моментов нема одсечени села во околината и жители во ризик, информира Сашо Точков.

„ До нас не се пристигнати никакви барања нити јавувања од ЦУК за дејствување на нашата единица за спасување на планина и непристапни терени или за она што го објавивме од денес волонтерите стојат на располагање на сите возрасни и стари лица кои немаат можност да ги завршат основните потреби да одат кај матичен лекар, во продавница или аптека, тоа ќе го направат наши волонтери“, информира Точков.

Постарите граѓани на кои им е потребна помош или соседите кои знаат дека некој во нивна близина има проблем може да се јават на телефоните 070 315 309 и 046 262 706, апелира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК . Досегашното искуство на волонтерите за грижа за стари лица покажува дека во нашата околина постојат луѓе кои живеат сами и имаат потреба од помош, вели Точков.

„Има не само во селата туку и овде во Охрид. Затоа и програмата за грижа на стари лица која функционира една година има преку 30 волонтери , пензионери кои работат на програмата и имаат преку 60 клиенти кои се осамени или имаат потреба од разговор, дружење и најелементарни потреби и производи за живот “, вели Точков.

Волонтерите од програмата „ Грижа за стари лица “ пријавените сограѓани ќе ги внесат во базата на податоци. На тој аначин нема да бидат препуштени сами на себе и оставени без грижа од заедницата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top