• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Театарската група на Црвен крст од Охрид блесна во Суботица со театарската претстава „Багаж“

Театарската група на Црвен крст од Охрид блесна во Суботица со театарската претстава „Багаж“

Оваа посета  волонтерите на Црвениот крст ја искористија и за активно учество на меѓународниот младински камп „СЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ кој во периодот од 21-27 август, традиционално, секоја година се одржува во Суботица.

 |   | 

Младите талентирани актери-аматери, волонтери на Црвениот крст Охрид, предводени од авторите на претставата „Багаж“ блеснаа пред бројната публика во Младинскиот театар во Суботица. Оваа претстава, театарската група на Црвен крст Охрид премиерно ја изведе на отворањето на годинешниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој се одржа во месец јуни. Весна Терзиоска, една од авторите на претставата вели дека станува збор за обработка на тема чијашто актуелност и свежина не познава граници барем во земјиве од регионов, бидејќи третира проблеми заеднички на младите. Терзиоска задоволна од реакциите на публиката.

„Една интересна и актуелна тема за млади луѓе кои ја напуштаат нашата земја и сите имаат иста дестинација и имаат различна приказна. освен различен патнички багаж тие имаат и различна приказна на нивните плеќи. Главната порака беше дека работите не се онакви какви што изгледаат и дека никој никому не треба да суди која е причината зошто луѓето заминуваат.Сите тие учесници на кампот ја погледнаа претставата, ја погледнаа граѓани од Суботица имаше и Македонци кои живеат во Суботица имаше и флаери секаде се дискутираше и децата во кампот на некој начин станаа ѕвезди“ потенцира Весна Терзиоска еден од авторите на претставата.

Оваа посета на Црвен крст Суботица волонтерите ја искористија и за активно учество на меѓународниот младински камп „СЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ кој во периодот од 21-27 август, традиционално, секоја година се одржува во Суботица. Симон Јаковлев еден од волонтерите во охридскиот црвен крст и актер во претставата, вели дека за него вистинско доживување било кампувањето, и секако ангажирањето во најразличните проекти кои се реализирале тие неколку денови во кампот.

„Ние како домаќини од Суботица сме презадоволни зошто од самиот почеток не пречекаа навистина домаќински и беа презадоволни од самата претстава. Научивме и многу преку различни проекти за црвениот крст и дружбата е најважна од се. Имаше повеќе работилници, една од нив бешеза прва помош бидејќи некои од волонтерите беа активисти во одделот за прва помош, а ние им бевме како глумци статисти“ објаснува Симон Јаковлев, волонтер актер.

Дружењето со своите врсници од организациите на Црвен крст од Суботица, Ниш, Ужице, Крагуевац (Србија), Тиват, Даниловград (Црна Гора), Ровињ (Хрватска), Требиње (Босна), и од Унгарија овозможи воспоставување на нови пријателства и контакти, а учество на бројните содржини на кампот го подигна нивото на знаења, кај нашите волонтери во различните области на делување на Црвениот крст. Ена Тунтева која е една од актерките вели дека е презадоволна и покрај резервата која ја имале околу самиот настап на нова и непозната сцена и краткото време кое им било на располагање за реализација на пробите.

„На крајот како и сите минати години испадна подобро од очекуваното, се плашевме дека нема добро да не разберат но добивме супер реакции и поминавме подобро од тоа што очекувавме“ вели Ена Тунтева – волонтер актер.

Oд Црвениот крст од Охрид ветуваат ново и побогато издание на „Вдиши Театар“ догодина, фестивал прв од ваков вид во регионов и манифестација чиј пример веќе на големо се следи и велат дека ваквите средби се покажале како одлична можност за промоција на театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ и привлекување на нови театарски групи од регионот и пошироко.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top