Ознака: цена

popust

Празничните попусти непознат поим за охридските трговци

Post Views: 9 Празничната потрошувачка еуфорија и попустите и до 70 проценти од западниот свет, непознати за нашите трговци и потрошувачи. На само десетина дена до Новата година, во охридската чаршија срамежливо ѕиркаат само неколку налепничиња за попусти. А и тие што се не е сигурно колку и дали се вистински попусти или само маркетиншки трикови. Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Кај нас нема големи предновогодишни попусти како во западниот свет. Мала прошетка низ охридската чаршија ни покажа дека многу ретко и срамежливо, од по некој излог,...

Continue reading

паркинг

Охридските паркинзи повторно актуелни

Post Views: 14 Мнозинството во Охридскиот совет ја прифати предлог одлуката за започнување на постапката за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинг простори во општина Охрид. Оваа одлука не е прифатлива за советниците од ВМРО ДПМНЕ. Координаторот на советничката група Дејан Пановски вели дека советот на општина Охрид  се зафати за решавање на проблемот со паркинзите и тоа на начин кој не е најсоодветен, затоа што и покрај тоа што е изготвена студија за управување со паркинзите и паркинг меса која предвидува 1269 паркинг места во Охрид и понатаму се оди на варијанта...

Continue reading

ОО на СДСМ обвинува за состојбите во болницата

Post Views: 4 ОО на СДСМ одржа прес конфернција за состојбите во Општа болница Охрид. При тоа кажаа дека охриѓанки се породуваат во Струга, а фамилијата  печали пари во Охрид. Во измантиве две години во Охрид наталитетот паѓа, а во Струга се шири, ете така ВМРО ДПМНЕ води грижа за охриѓани, истакна претседателот на ОО СДСМ Наум Јованоски. И додаде дека парите и профитот им е пред граѓаните и здравјето на охриѓани. „Играта се откри, заврши. Болницата ќе ја догради дедото на зетот, пратеникот и висок функционер на Вмро Дпмне, Александар Спасеноски. На наводна електронска аукција од...

Continue reading

grobishta

Пандески :„Гробната такса мора да се плати “

Post Views: 10 Гласините дека сметките за гробарина ќе се намалат од ЈП нити ги потврдуваат нити ги демантираат, само велат дека досегашните сметки за 2011 година мора да се платат. Координаторот на ЈП „Градски Гробишта“ Драган Пандески вели дека има иницијатива за намалување на сумата за гробарина, но најпрво зелено светло за истата треба да даде Управниот одбор, а потоа и советот на општина Охрид. „Управниот одбор на ЈП во декември 2010 год. донесе одлука-ценовник на ЈП во кој покрај другото беше прецизирана и ставката за одржување на гробните места, односно гробарина. На 29.12....

Continue reading

pres Atanasko Mihailov

„Градоначалникот Петрески, работи против интересите на граѓаните на Охрид“ обвинуваат од O.K. на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 0 „Суров напад на Градоначалникот Александар Петрески врз домашните буџети на Охриѓани,“ обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Атанаско Михаилов истакна дека Петрески преку Проаква, а со предлог на Советот, сака да изврши зголемување на цената на водата во Охрид дури за 20%. „Неуспехот на водењето на Проаква, отпуштањето на работниците,хавариите во системот, сакаат да ги покријат со удар по џебот на граѓаните од 20%.Охрид и досега плаќаше една од најскапите  цени за вода по кубик, а со ова зголемување тоа ќе биде и убедливо највисока цена. Причини, неспособноста...

Continue reading

grobishta

Ќе се преиспитува висината на надоместокот за гробарина

Post Views: 3 Повторно ќе се разгледува висината на надоместокот за гробарина. Износот од 1200 денари годишно за одржување на гробните места, како гром од ведро небо ги погоди Охриѓани. Сепак според координаторот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“, Драган Пандески иако надоместокот е висок, сепак е реален. Пандески вели: Нашата анализа вели дека одржувањето на гробиштата не е само одржување на тие два метри квадратни, туку одржување на цела инфраструктура и на целата површина од 140.000 метри квадратни и 8350 гробни места.“ По многуте реакции од страна на граѓаните, проблемот...

Continue reading

zemjishte

„Непопуларни мерки“

Post Views: 5 „Непопуларна мерка на државата е да се продава атрактивно земјиште само едно евро по метар квадратен“, вели Александар Петрески, Градоначалникот на Охрид. Станува збор за  јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, односно двете локации на стотина метри од езерото, наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“. Охридскиот Градоначалник утре на средба во Министерството за транспорт и врски. „Убава е желбата на Владата да се привлечат колку е можно повеќе инвеститори, но мора да се внимава кое земјиште ќе се...

Continue reading

fibula

“Фибула аир Травел“ ќе гради луксузен хотел во Охрид

Post Views: 4 По пат на јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, отуѓени се две локации во општина Охрид наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“. “Предмет на јавното наддавање беа градежни парцели со површина од 13.459 м2 и 4.738 м2. Најповолен понудувач на јавното наддавање е компанијата “Фибула ер травел“од Скопје која за двете градежни парцели на јавното наддавање понуди највисока цена од вкупно 1.291.987 денари (20.000 евра)“, информираат од Министерството за транспорт и врски. Компанијата е должна во рок од...

Continue reading

pat

Платил комуналии и бара пристапен пат до домот

Post Views: 0 Барам пристапен пат по кој ќе можам нормално да влезам во мојата семејна куќа вели Драган Стефаноски од Охрид. За изградената куќа на улица Ристо Чадо во 1979 година платив комуналии, а сум  без пат, нагласува Стефаноски. Тој и уште неколку семејства на истата улица сега користат приод до своите домови од еден метар. Проблемот започна пред неколку месеци кога неговиот сосед со судско извршно решение си  врати дел од патот кој беше нелегално асфалтиран од страна на Локалната самоуправа, а ТВМ информираше за случајот во неколку наврати. Сега соседот своето земјиште го...

Continue reading

jagneshko

„Солено“ јагнешкото ама и зеленчукот

Post Views: 1 Јагнешкото месо кое традиционално го има на трпезите за Велигденските празници достигна фантастични 420 денари за килограм. Неговата малопродажна цена од ден на ден се зголемува, а само пред една недела можеше да се набави по цена од  360 до 380 денари. На пазарот покрај јагнешкото месо се продаваат бели и црни дробчиња по цена од 170 денари, јагнешки глави за 60 денари, а шкембето се продава по 120 денри. На пазарот се чувствува  недостиг од јагнешко, а побарувачката од страна на граѓаните расне,  нагласуваат трговците. Високата цена на јагнешкото месо  трговците ја...

Continue reading

Dragan Cvetansoki

Се размрда синдикатoт

Post Views: 1 Сојузот на синдикатите на Македонија, на кој припаѓа и охридскиот, со доаѓањето на пролетта се  размрда. Она што повеќе години било пропуштено во синдикалната заштита на  работниците ќе го решаваат  пролетва. Македонските работници заедно со Србите, Црногорците и Косовците со години  работат според   незагарантирана најниска цена на трудот. Единствено Хрватите се пред нас на овој план. Од синдикатот се оптимисти дека ќе најдат решение за ова прашање иако скоро една деценија работодавачите и владата немаат слух за утврдување на висината на  најниската цена на трудот. ...

Continue reading

ribari

Фестивал на плашицата, по втор пат

Post Views: 4 Покрај сите минуси за охридскиот туризам еве и еден плус. Фестивалот на плашицата како нова и невидена атракција на Балканот, па и во Европа. Оваа година се одржува по втор пат, а организаторите ветуваат дека ќе има што да се види и што да се проба. Пржена плашица и рибна чорба подготвени од охридските мајстори за риба, треба да ги привлечат не само туристите туку и пребирливите Охриѓани. Димитриески дополни дека токму ваква манифестација му е потребна на Охрид, манифестација која ќе биде долгорочна и трајна и единствена на овие простори. „Самиот фестивал ќе се одржи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top