Пандески :„Гробната такса мора да се плати “

Гласините дека сметките за гробарина ќе се намалат од ЈП нити ги потврдуваат нити ги демантираат, само велат дека досегашните сметки за 2011 година мора да се платат. Координаторот на ЈП „Градски Гробишта“ Драган Пандески вели дека има иницијатива за намалување на сумата за гробарина, но најпрво зелено светло за истата треба да даде Управниот одбор, а потоа и советот на општина Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
grobishta
гробишта

grobistaГласините дека сметките за гробарина ќе се намалат од ЈП нити ги потврдуваат нити ги демантираат, само велат дека досегашните сметки за 2011 година мора да се платат. Координаторот на ЈП „Градски Гробишта“ Драган Пандески вели дека има иницијатива за намалување на сумата за гробарина, но најпрво зелено светло за истата треба да даде Управниот одбор, а потоа и советот на општина Охрид.

„Управниот одбор на ЈП во декември 2010 год. донесе одлука-ценовник на ЈП во кој покрај другото беше прецизирана и ставката за одржување на гробните места, односно гробарина. На 29.12. 2010 год. советот на општина Охрид ја потврди одлуката на УО и ценовникот на ЈП го стави во функција. По овој потег испративме сметки до носителите на гробните парцели и граѓаните истите веќа започнаа да ги плаќаат“, вели координаторот Пандески.

„ Оваа одлука е валидна и единствена одлука што ја има ЈП и  по која што работи. И нема друга цена која би важела за граѓаните. Меѓутоа има едно раздвижување размислување меѓу граѓаните дека таа одлука не е валидна дека не е донесена, ова е одлуката која што е донесена изгласана и е во функција. Во оваа година имаме некои анализи и размислуваме до каде може да се оди со намалување на таа цена.  Размислувањата се движат меѓу 60 и 80 денари. Меѓутоа таква одлука треба да донесе УО и таа одлука да ја потврди советот“, вели координатор на ЈП „Градски гробишта“, Пандески.

PandeskiДоколку советот не даде согласност за намалување на цената за гробарина, ќе се плаќа онаа цена за која веќе постои согласност, односно 1200 денари.
А со оваа сума, според анализите правени во ЈП ќе се плаќа за косење на зелените површини помеѓу гробните места, метење и чистење на асфалтни површини, поставување на ивичњаци, чистење и одржување на одводни и обиколни канали од дождовни води, хортикултурно уредување со трева, ниско и високо зеленило, естетско обликување на просторот околу капелата, утовар и истовари на земја, шут и др. Исто така, со овие пари ќе се покриваат и трошоците околу сезонско оптоварување на ЈП, бидејќи како што велат од таму, во текот на летната сезона, бројот на вработени не е во состојба да го одржува овој простор, по што неминовно е во текот на летната сезона да се вработуваат и седум до осум сезонски работници, вели Пандески.  
Тој додава дека ЈП одржува 140 илјади метри квадратни простор.

„ Ценава од гробаринава оваа која е планирана кажува дека треба да се соберат околу 7 милиони денари за оваа работа да се извршува. Во планот за работа во 2011 ЈП од гробарината во планот е влезено со 5 милиони и рзликата до 7 милиони е од буџетот на општина Охрид. Но со секое намалување за толкава сума овие 7 милиони треба да влезат во буџетот на општина Охрид. Овие 7 милиони се наминовни да се соберат за квалитетни и редовно чистење на гробиштата“, вели Пандески.

Пандески додава дека реалната цена на чинење за одржување на гробиштата е 1600 денари од која во моментов  1200 денари преку гробарина плаќаат граѓаните и 400 денари покрива општината од буџетот. „Доколку се намали цената за гробна такса тогаш повеќе ќе се оптерети буџетот на општина Охрид“, вели Пандески.

Во моментов во градските гробишта има 8358 гробни места од кои 1406 немаат старатели. Граѓаните старатели кои имаат по две и повеќе гробни места ќе добијат олеснување. „Размислуваме новата цената за две гробни места да биде 1200, а за три и повеќе гробни места 1600 денари“, додава Пандески.
Останува да видиме дали најавите ќе се остварат, поточно УО да донесе одлука за намалување на цената за гробарина и истата да добие зелено светло и од градските избраници.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top