Охридските паркинзи повторно актуелни

Актуелноста на паркинзите во централното градско подрајче никако не се намалува.

 |  Татјана Маленкова  | 
паркинг
parking

Мнозинството во Охридскиот совет ја прифати предлог одлуката за започнување на постапката за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинг простори во општина Охрид. Оваа одлука не е прифатлива за советниците од ВМРО ДПМНЕ.
дејан паноски
Координаторот на советничката група Дејан Пановски вели дека советот на општина Охрид  се зафати за решавање на проблемот со паркинзите и тоа на начин кој не е најсоодветен, затоа што и покрај тоа што е изготвена студија за управување со паркинзите и паркинг меса која предвидува 1269 паркинг места во Охрид и понатаму се оди на варијанта на улични паркинзи, што најмногу е последица на неодржаното ветување  дека ќе се изградат катни гаражи , кои требаше да ги растеретат улиците“, вели Паноски.

Според координаторот на советничката група на ВМРО, вториот проблем е што повторно паркинзите ќе се даваат под закуп на приватни лица,  што за ВМРО ДПМНЕ не е дозволиво затоа што  според нив ЈП кое управува со паркинзите во Охрид има капацитет и треба да ги работи паркинзите за да може целокупниот приход да ги распредели во општините, а потоа да инвестира во нови вредности на самата општина., категоричен е Паноски.

„Проблемот што ќе се зафати голем дел од уличниот простор со паркинзи е проблем на неодржаното ветување за изградба на катни гаражи кои доколку постоеја до овој момент ќе се релаксираа барем оние најфрекфетни точки од улиците ќе се проширеа и ќе може да се корситат за тековен динамичен сообрачај. Од друга страна ако се земе во предвид дека повторно овие места се даваат под закуп тогаш ќе имаме реален проблем со приходната страна и затоа нашиот став е дека паркинзите треба во овој момент да се даваат на управување на ЈП Билјанини извори, кое управува со паркинзите за да може таа добивка да ја има кај себе и да ја вложи во буџетот на градот“, вели Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Градоначлникот пак има свое видување за проблемот со паркинзите. Тој е категоричен дека локалната го остварува она што го најави, а тоа е дека  ќе ги отстрани сите недостатоци  што ги воочи во летниот период. Со оваа одлука тоа го направивме категоричен е Петрески.
александар петрески
„Се направи зонско паркирање, се направи ограничување на максималната цена,  но и зонско временско паркирање и  временско разделување на паркинзите.  Ова значи дека пркинзите вон централното градско подрачје највисоката цена за првиот час ќе  биде 30 денари, вториот 20 денари а третиот 10 денари. За зонското паркирање максималната цена за строгото централното подрачје ќе биде 40 денари за првиот час, за вториот 30 денари, објаснува градоначалникот.

Тој додава дека при спровдување на постапката ќе има подтендерско надавање кое ќе оди по електронски пат што значи дека ако некој понуди поевтина цена ќе ја добие работата со поевтината цена. Што се однесува пак за обвинувањата зошто локалната паркинзите ќе ги даде под закуп, а не со истите да стопанисува ЈП, градоначалникот со став.

„ЈП во овој момент е спремно, оспособено да работи со паркинзи од затворен тип. Овие паркинзи бараат многу помалку вработени  и може со еден човек на смена да ги опслужува.  А овој начин на паркирање со СМС пораки, со жетони или сатови за паркирање, прво бара вложување околу 400, 500 илјади евра за да се опреми таа работа и бара вработување на 30, 40 луѓе вработени.Средствата собрани од паркинзите не ги покриваат само вработените. Ние не можеме ЈП да го туркаме во загуби“, вели градоначалникот Петрески.
 
Петрески не се откажува и од најавата дека после Нова Година па се до почетокот на туристичката сезона, охриѓани во центарот на охрид ќе може и бесплатно да паркираат.  

Тој е категоричен дека Ова ќе биде добра тест преку кој ќе се види какви проблеми ќе имаме со паркирањето.  

„Нас основна цел не ни е да собереме пари, туку да направиме ред во строгиот центар на Охрид“, категоричен е градоначалникот Петрески.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top