Ознака: цена

Huan Laporta

Цената на трансферот на Роналдо, перверзија

Post Views: 1 Уште пред да ја дознае веста околу договорот помеѓу Реал Мадрид и Кристиано Роналдо за рекордниот трансфер од 94 милиони евра, претседателот на Барселона, Хуан Лапорта го искритикува однесувањето на ривалите од Мадрид кои пред неколку дена го обезбедија и потписот на Кака за 68 милиони евра. „Тој е добар играч, но цената која Реал ја плати е надвор од секаква реалност и го нарушува балансот на трансфер пазарот. Мислам дека ова не е добро за фудбалот. Со овој чекор се губи профитабилноста на екипата, затоа, се надевам дека идните трансфери ќе се случуваат со реални цени“. Инаку,...

Continue reading

Avtobuska Ohrid

Делфина турс ќе ја гради автобуската станица во Охрид

Post Views: 7 Скопската фирма Делфина Турс дооел, единствен понудувач на денешната електронска аукција за продажба на градежната парцела на која ќе се гради новата автобуска станица во Охрид. Почетна цена за градежното земјиште во сопственот на Р. Македонија беше 3170 ден/м2 а крајната цена која беше постигната на наддавањето е 3487ден/м2. Делфина Турс за градежната површина од 11 997 м2 ќе треба да плати 41 833 539 денари или 685 795 евра.  На потегот опфатен со улиците 15 Корпус и Кленоец предвидена е инфраструктурна градба за комерцијални и деловни намени. Според деталниот урбанистички...

Continue reading

logo

Комедијата „Жена ми се вика Борис“ во сабота пред охриѓани

Post Views: 3 Со оваа урнебесна комедија пред охридската публика ќе се претстават актерите од битолскиот театар „Солзи и смеа“. Претставата ќе се одржи во сабота 18-ти април април 2015-та година со почеток во 20:00 часот во големата сала.  Цена на влезниците е 120 денари а картите ќе бидат во продажба истиот ден. {loadposition content9}

Continue reading

benzini

Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за 1,5 денари

Post Views: 5 Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 изнесува 75,00 денари за литар. Еуродизелот од ноќеска ќе се продава по 66,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 денари за литар. Истовремено поскапува и мазутот за 1,279 денари по килограм,...

Continue reading

Скопјанец ја купи атрактивната локација под Плаошник

Post Views: 4 Скопјанец ја купи  атрактивната локација под Плаошник на денеска одржаната електронска аукција. Локацијата од 202 м квадратни продаена е  по цена од 51 илјада денари за метар квадратен,односно 167.000  евра за целата парцела. Од овие пари околу  130.000 евра се за локалната самоуправа ,а  останатите за Министерството за транспорт и врски.   Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште што беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари по метар квадратен.Градежната парцела се наоѓа на левата страна од патеката што води кон црквата „Св. Јован Канео“. Според...

Continue reading

lokalna

Општина:Земјиштето се продава на барање на транспорт и врски

Post Views: 5 Чувствувајќи потреба да им  ги  објасни   основни законски чекори и постапки на охридските  Социјалдемократи , општина Охрид посочува дека   објавата  за отуѓување на градежното земјиште во УЗ  1  блок  1.2,  блок 1.4  и дел од блок  3.4  во Охрид   се спроведува по барање на  Министерството за транспорт и врски.  Градежната парцела е во согласност со Урбанистичкиот план со  вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Максималната  висина до венец  е од 3,9 м  и катност- Приземје  ( минус две нивоа).   Почетната цена  за отуѓување  на  градежното земјиште  ...

Continue reading

sdsm

СДСМ бара стопирање на огласот за продажба на атрактивното земјиште под Плаошник

Post Views: 1 Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО- ДПМНЕ бадијала сакаат да продадат атрактивно градежно државно земјиште под Плаошник, реагираа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Како што изјави портпаролот Александар Кузески станува збор за градежна парцела на која се предвидува изградба на станбен објект на три ката во делот од боровата шума под Плаошник. Локацијата се наоѓа на левата страна од патот зад црквата Св Јован Богослов Канео непосредно над куќите во месноста Канео. Од ОО на СДСМ бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно да...

Continue reading

gradinka

Во охридските градинки нова повисока цена за полудневен престој

Post Views: 0 Родители до редакцијата на ТВМ реагираат дека се изненадени од веста за новата скоро двојно повисока цена која ќе ја плаќаат за полудневен престој на нивните деца во градинка. Цената за полудневен престој со ручек ќе се зголеми од 806 на 1490 денари , колку што чини и целодневниот престој.   Директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска негира дека станува збор за нов ценовник туку за измени. „ Сумата која досега се плаќала од 806 денари била заостаната од 2004 година и се однесувала на деца кои користеле само воспитно-образовни активности од 9 до 11 часот. Сега...

Continue reading

benzin

Бензините поскапуваат за два денари

Post Views: 3 Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, додека цената на дизелот и екстралесното масло не се променува. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Цената на еуросуперот БС-95 од ноќеска ќе изнесува 77,00 ден/лит, а еуросуперот БС-98 ќе  се продава за 78,50 ден/лит. Согласно одлуката на регулаторите, цената на еуродизелот (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно еуродизел ќе се продава по старата...

Continue reading

benzin

Бензините поевтинeа за два, а дизелот за денар по литар

Post Views: 1 Горивата, овој пат, поевтинуваат! Бензините за два, а дизелот за денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика, следејќи го трендот на движење на нафтата на светските берзи, како и курсот на денарот во однос на доларот изминативе две недели. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 79 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-E V) се намалува за денар и чини 69,5 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денари и се продава за 58,5 денари по литар. Со одлуката на РКЕ за 0,334...

Continue reading

damboj iznenering

Квалитетот, тајна за успехот на градежната компанија Дамбој инженеринг

Post Views: 53 Добар архитектонски план, употреба на најквалитетни материјали, современа технологија и пред се поволни цени. Ова според Благоја Карадакоски, косопственик на градежната фирма Дамбој инженеринг се препознатливите карактеристики кои со години ги чуваат во врвот на оваа индустрија. Карадакоски смета дека Охрид, како туристичка дестинација има одлични локации за градба, но дека самото тоа прави за повисока цена на становите. Побарувачката вели дека ја има, но дека најголемиот дел од заинтересираните сепак доаѓаат од другите градови од земјава. А оние што ги купуваат нивните...

Continue reading

leb

Мелничари: Цената на лебот нема да оди нагоре

Post Views: 0 Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите. Ова е ставот на претседателот на групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Благој Стојчев, во однос на поскапувањето на цената на лебот и интервенирањето на Владата во стоковните резерви. „Мислам дека цената на лебот нема да оди нагоре, но доколку другите инпути за производство на леб не се зголемат. Aко се одржи на оваа цена треба да бидеме задоволни со 25 денари, таа е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top