Скопјанец ја купи атрактивната локација под Плаошник

Скопјанец  ја купи атрактивната локација под  Плаошник.

 |  Валентина Неловска  | 

Скопјанец ја купи  атрактивната локација под Плаошник на денеска одржаната електронска аукција. Локацијата од 202 м квадратни продаена е  по цена од 51 илјада денари за метар квадратен,односно 167.000  евра за целата парцела. Од овие пари околу  130.000 евра се за локалната самоуправа ,а  останатите за Министерството за транспорт и врски.  

плаошникПочетната цена за отуѓување на градежното земјиште што беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари по метар квадратен.
Градежната парцела се наоѓа на левата страна од патеката што води кон црквата „Св. Јован Канео“. Според урбанистичкиот план, максималната висина на  објектот предвиден да се гради на парцелата изнесува 3,9 метри и катност -приземје со две нивоа надолу кон населбата Канео.  

Јавниот оглас за продажба на ова алокацвија  предизвика големи реакции кај охридската јавност, но и кај одредени политчки субјекти кои беа против продавањето на општинско земјиште како што велеа по толку ниска цена. Од локалната еба со став дека почетната  цена  е согалсно законскат регулатива ,а дека на лицитацијата ќе се постигне реалната пазарна цена. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top