Бензините поскапуваат за два денари

Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, додека цената на дизелот и екстралесното масло не се променува.

 |   | 
benzin
бензин

benzinМалопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, додека цената на дизелот и екстралесното масло не се променува.

Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Цената на еуросуперот БС-95 од ноќеска ќе изнесува 77,00 ден/лит, а еуросуперот БС-98 ќе  се продава за 78,50 ден/лит.

Согласно одлуката на регулаторите, цената на еуродизелот (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно еуродизел ќе се продава по старата цена од 68,50 денари за литар, а екстралесното масло за 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,270 денари по килограм, со што новата цена на М-1 НС изнесува 43,178 ден/кг.

Најновото поскапување на нафтените деривати се образложува со растот на цената на суровата нафта на светските берзи за 3,07 отсто од последната одлука на РКЕ.

Пред две недели Владата одлучи да ја намалила акцизата на нафтените деривати со цел да го заштити стандардот на населението од растот на цената на нафтата на светските пазари, како и да спречи раст на инфлацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top