СДСМ бара стопирање на огласот за продажба на атрактивното земјиште под Плаошник

Атрактивно државно земјиште под Плаошник бадијала се продава, реагираат од ОО на СДСМ Охрид. Од таму бараат поништување на огласот како и тоа и да се стопира продажбата.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО- ДПМНЕ бадијала сакаат да продадат атрактивно градежно државно земјиште под Плаошник, реагираа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција.kaneo Како што изјави портпаролот Александар Кузески станува збор за градежна парцела на која се предвидува изградба на станбен објект на три ката во делот од боровата шума под Плаошник. Локацијата се наоѓа на левата страна од патот зад црквата Св Јован Богослов Канео непосредно над куќите во месноста Канео. Од ОО на СДСМ бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно да се стопира штетната продажба на атрактивната локација.

„Продажбата се палнира да биде извршена на 2 Март а почетната цена за 1 метар квадратен што го одредила општина Охрид изнесува само 25 евра. За споредба пазарната вредност при продажба на куќи во тој дел од градот изнесува најмалку 1000 евра за метар квадратен додека цената на неизградено градежно земјиште се движи над 500 евра за метар квадратен“– вели Кузески.

kuzeskiОд СДСМ на градоначалникот му предлагаат на тоа место да се изгради еден мултинаменски репрезентативен објект за потребите на градот и граѓаните, наместо да го продаваат на приватни лица за изградба на станбен објект. Воедно јавно го запрашаа.

„Зошто Бакрачески  и ВМРО – ДПМНЕ го продаваат најатрактивното градежно земјиште со почетна цена дури 20 пати пониска од реалната пазарна цена? Кој стои зад ваквата според нив страмна бизнис зделка и за чии интереси се отуѓува најатрактивната градежна парцела во Охрид“  – прашува Кузески.

Охридските социјалдемократи од градоначалникот и владеачката партија побараа одговор на сите прашања од денешната прес конференција, бидејќи сметаат дека граѓаните на Охрид тоа го заслужуваат. Дополнително обвинија дека власта на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не води сметка за интересите  и имотот на граѓаните.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top