Општина:Земјиштето се продава на барање на транспорт и врски

Реакција на општина Охрид на прес конференцијата на СДСМ -Охрид.

 |   | 
lokalna
lokalna

Чувствувајќи потреба да им  ги  објасни   основни законски чекори и постапки на охридските  Социјалдемократи , општина Охрид посочува дека   објавата  за отуѓување на градежното земјиште во УЗ  1  блок  1.2,  блок 1.4  и дел од блок  3.4  во Охрид   се спроведува по барање на  Министерството за транспорт и врски.  Градежната парцела е во согласност со Урбанистичкиот план со  вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Максималната  висина до венец  е од 3,9 м  и катност- Приземје  ( минус две нивоа).   Почетната цена  за отуѓување  на  градежното земјиште   со  Уредба е  пропишана од страна на Владата на Р. Македонија и е   1543 денари по м2  што значи дека креатори   на   крајната  цена  би биле   пријавените учесници на електронското јавно наддавање. По продажбата на земјиштето 80 % од приходите     ќе бидат за  општина Охрид а 20 % за Р. Македонија, стои во реакцијата од Одделението за односи со јавност на локалната самоуправа.
 
Ако според  охридските Социјалдемократи  пазарната вредност при продажба на куќи во стариот  дел на Охрид изнесувала најмалку 1000 евра а цената на неизградено градежно земјиште  била  над 500 евра,  од општината ги повикаа социјалдемократите   да учествуваат на јавното надавање  и  да придонесат  во  зголемување на приходите на општина Охрид со што, како што се вели во реакцијата,  и тие би помогнале во пополнување на милионската дупка долгови која и ја оставиле на општина  Охрид.
Што се однесува на ветените  капитални  проекти на градоначалникот Никола Бакрачески,  од општината Охрид велат дека официјалниот  почеток на реализацијата на капиталните проекти  ќе следувал во наредниве денови но не откриваат повеќе  детали.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top