Платил комуналии и бара пристапен пат до домот

Барам пристапен пат по кој ќе можам нормално да влезам во мојата семејна куќа вели Драган Стефаноски од Охрид. За изградената куќа на улица Ристо Чадо во 1979 година платив комуналии, а сум  без пат, нагласува Стефаноски. Тој и уште неколку семејства на истата улица сега користат приод до своите домови од еден метар.

 |  Валентина Нелоска  | 
pat
пат

patБарам пристапен пат по кој ќе можам нормално да влезам во мојата семејна куќа вели Драган Стефаноски од Охрид. За изградената куќа на улица Ристо Чадо во 1979 година платив комуналии, а сум  без пат, нагласува Стефаноски. Тој и уште неколку семејства на истата улица сега користат приод до своите домови од еден метар.

Проблемот започна пред неколку месеци кога неговиот сосед со судско извршно решение си  врати дел од патот кој беше нелегално асфалтиран од страна на Локалната самоуправа, а ТВМ информираше за случајот во неколку наврати. Сега соседот своето земјиште го оградил, а со Локалната  самоуправа не постигнале согласност околу цената за експропријација,а ние сме без пат, вели видно вознемирен Стефаноски.

„Дали некој мене ме праша кога јас плаќав комуналии, не се пазарев,  туку ми рекоа цената е 4 милиони денари плус 1  милион денари за скривници, тоа е околу 30.000 евра, а сега испаѓа дека залудно сме плаќале“, вели  Стефаноски.

Немам пат ни за влез на пожарна ни за брза помош вели нервозно. Секој ден сум во Локалната самоуправа  и во Фондот за Комунален развој барајќи пристапен пат кој ми следува. „Само ме бркаат од една врата до друга. Ми велат проблемот да го решавам по судски пат. Јас имам кревко семејство, болна сопруга,  мали примања, а моите внуци се сираци па јас сум и  дедо и мајка, вели разочарано Стефаноски. Тој ги моли институциите да преземат мерки и да го решат неговиот проблем“.

Од контактот со раководителот на Фондот за комунален развој, Емин Селман добивме одговор дека од нивна страна  работата за обезбедување пат е завршена. Раководителот потврдува дека со сопственикот на земјиштето од кого требало да се изврши експропријацијата за 600 квaдрати пат не постигнале согласност за цената. Понудивме цена од 2500 денари која од негова страна не беше прифатена, објаснува Селман. Додава дека експропријацијата ќе се вршела по службена должност по цена која ќе ја добијат од даночното одделение. Документацијата е испратена кај Народниот правобранител и по неговата одлука ќе се реши проблемот. Во меѓувреме од имотно-правната служба ќе се обезбеди банкарска гаранција за да се изврши експропријација на патот,  кажува Селман.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top