Празничните попусти непознат поим за охридските трговци

Новогодишните празници обично се омиленото време во годината за шопингхоличарите.

 |  Мишел Наумоски  | 
popust
попуст

Празничната потрошувачка еуфорија и попустите и до 70 проценти од западниот свет, непознати за нашите трговци и потрошувачи. На само десетина дена до Новата година, во охридската чаршија срамежливо ѕиркаат само неколку налепничиња за попусти. А и тие што се не е сигурно колку и дали се вистински попусти или само маркетиншки трикови.

carsija popustiПразничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Кај нас нема големи предновогодишни попусти како во западниот свет. Мала прошетка низ охридската чаршија ни покажа дека многу ретко и срамежливо, од по некој излог, ѕиркаат зборовите кои купувачите ги очекуваат, новогодишен, празничен, сезонски или било каков попуст.

Она што го улови нашата камера баш и нема да ги израдува купувачите. Којзнае, можеби е рано, иако има само десетина дена до Новата година, можеби ова е максимумот на празнични попусти кои ќе ги видиме. Цените секој нареден месец одат нагоре и освојуваат нови височини , а граѓанинот со ист износ на замрзната плата  треба и да се облече, и да се обуе, и да се најаде.  Затоа  попустите се толку примамливи но може да бидат и нереални и обични трикови.

praznicni popusti„Не сите распродажби се вистинити. Трговијата на мало често пати користи разни техники под називот распродажба, за да го намами потрошувачот и да го доведе во заблуда, и тогаш тоа преминува во нефер трговска практика. Затоа потрошувачите треба да прошетаат по продавниците, да ги следат производите подолго време, единствено на овој начин ќе бидат во тек и ќе знаат дали распродажбата е вистинита.“-вели Вангел Спироски од Организацијата на потрошувачи од Охрид.

Покрај ова, во Законот за потрошувачи, стои дека за  еден производ да биде ставен на распродажба по пониска цена, најпрво требало да се продава по старата цена во период од 30 дена, а дури потоа со наведување на причината за распродажбата, со наведување и на старата и на новата цена како и на одобрениот попуст, јасно да се наведи кој од производите се продава по таа пониска цена.

Дополнително, оние производи кои се ставени на распродажба, треба да се физички раздвоени од производите кои се продаваат по нормална цена. Ако некој потрошувач смета дека бил излажан во смисла на одобрениот попуст, тогаш за тоа може да се пожали или во Државниот пазарен инспекторат или пак кај локалната организација на потрошувачи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top