Ознака: убиство

petkratno ubistvo

Откриени сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци!

Post Views: 5 Станува збор, како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за група од Скопје- следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници. Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, за што има и материјални докази, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани. При извршените претреси во 26 објекти во полициската акција „монструм“, пронајдено е поголемо количество оружје, а во тек е вештачење дали е користено во петкратното убиство. Според Јанкулоска...

Continue reading

ubistvo skopje

Петкратно убиство во близина на Скопје

Post Views: 9 Пет лица се убиени синоќа во близина на Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци. Настанот се случил околу 22,30 часот, а полицијата засега не го соопштува нивниот идентитет како и мотивите за петкратното убиство. Четири лица биле на возраст од околу 20 години и едно на возраст од над 40 години. Според првичните информации на Миистерството за внатрешни работи, тие се убиени со  огнено оружје и имале видливи повреди по телата, а околу нив биле најдени чаури. Труповите ги виделе рибари и пријавиле во полиција. Портпаролот на МВР Борче Пeшевски изјави дека телата...

Continue reading

Нерасчистени сметки помеѓу двајцата другари причина за двојното убиство во Император

Post Views: 38 Немав намера да пукам во Ромео Ѓузелоски ниту во било кој друг човек, отидов да си ги побарам парите што ми ги должи, изјави Бојан Петрески првообвинетиот во случајот на двојното убиство во Император. Денес во Основниот суд во Охрид се одржа главна расправа од овој случај каде се вршеше распит на двајцата обвинети. Првообвинетиот раскажа дека при обид да си го побара долгот од сега  починатиот Ромео, тој ја подигнал кошулата со цел Бојан да види дека носи пиштол и му се заканил дека ќе го убие. Веднаш потоа на терасата од ресторанот започнала тепачка при што се скршила...

Continue reading

osnoven sud

Второ рочиште за двојното убиство во Император

Post Views: 17 Денес во Основниот суд во Охрид се одржа второто рочиште за случајот со убиството во Император кое се случи 21ви август минатата година. На денешното рочиште беа сослушани неколку сведоци од кои двајца од специјалната единица Алфи од Скопје. Тие во периодот кога се случи овој настан биле на испомош во Охрид, односно со посебна наредба за задачи од Скопје во Охрид за вршење службена дејност. Имено, според нивните искази таа вечер легитимирале лица во близина на градскиот пазар, кога во еден момент добиле дојава преку радиостаница од СВР Охрид дека во еден  угостителски...

Continue reading

osnoven sud

Двајцата обвинети во случајот со двојното убиство во Император се изјаснија невини

Post Views: 10 Денес започна судењето за настанот кој минатото лето ја потресе охридската јавност. Двајцата обвинети за случајот со убиството во Император, пред Судскиот совет, со кој претседаваше судијата Билјана Белеска-Пројкоска, се изјаснија како невини, додека застапникот на првообвинетиот, адвокатот Ване Андреевски, изјави дека одбраната во текот на процесот ќе докаже дека убиствата се случиле во поинакви околности отколку што е наведено во обвинителниот акт. На денешното судење, беа повикани да сведочат најблиските роднини на сега починатите, меѓу кои и сопругите на двете лица...

Continue reading

lebedik

Полицијата во Клиарвотер влезе во трага на убијците на Зорана Лебедик ?

Post Views: 8 Полицијата уапси двајца осомничени за двојно убиство во Клиарвотер. Се проверува дали истите се одговорни и за убиството на 35 годишната Македонка.Детективите се сомневаат дека за трите убиства е употребено истото оружје. Полицијата уапси двајца осомничени за убиството на двајца мажи во Чери Харис Паркот, кое беше извршено на 15 октомври. Уапсени се 20 годишниот Исидоро Сантијаго Џонс и неговиот брат Карлос Бенито Џонс, осомничени за убиството на 46 годишниот Петер Раковски и 58 годишниот Колберт Колинс – извести полицијата. Полицијата сега проверува дали пиштолот со...

Continue reading

Убиство и обид за убиство во Кичево

Post Views: 1 Четириесет и двегодишниот А.С. од кичевското село Другово, со нож го убил неговиот брат Арун С. (46), а потоа се обидел да ја убие и неговата сопруга. Осомничениот е приведен и како што информираат до СВР Охрид против него поднесена е кривична пријава за убиство на братот и за обид за убиство на снаата. „Тој вчера околу 16 часот на градскиот плоштад во Кичево го забележал неговиот повозрасен брат и неговата сопруга и им пришол од зад грб извадил нож  и на својот брат му задал повеќе убоди во пределот на вратот и лицето, додека неговата сопруга тешко ја повредил во пределот...

Continue reading

osomnicen

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во Охрид

Post Views: 4 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Б.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година. Истиот беше преземен од албанските власти на граничниот премин “Ќафасан” од каде што беше спроведен во Истражниот затвор Скопје. Инаку по лицето Б.П. имаше распишано меѓународна потерница и истиот беше лишен од слобода на 12.02.2015 година во Албанија каде се до неговото спроведување во Р. Македонија бил во екстрадиционен притвор. Истиот се бараше бидејќи на 21.08.2014 година околу 23,00 часот во летната...

Continue reading

ubistvo

Крвава престрелка во Струга

Post Views: 11 Грозоморно убиство во Струга. Немилиот настан се случил како на филмско платно. На раскрсницата на магистралниот пат, Охрид – Ќафасан синоќа околу 18 часот и триесет минути било пукано во татко и син. Се работи за Мефаил и Џемаил Исмаили од струшкото село Делогожда. Движејќи се по овој патен правец нивното моторно возило „Голф“, било попречено од страна на Форд Ескорд управувано од Исмаил Асани. Асани излегол од своето возило и со пиштолот го удрил по глава возачот на „Голфот“. Веднаш потоа истрелал два куршуми во 51 годишниот Џемаил и еден во 25 годишниот Мефаил,...

Continue reading

Застрелан уште еден познат рапер

Post Views: 3 Во близина на местото Палмдејл во близина на ЛосАнѓелес убиен е раперот Big Paybacc. Убиството се случило во локалниот МекДоналдс кога непознат напаѓач во него испукал неколку куршуми од пиштол, известила тамошната полиција. Очигледно се работи за насочено убиство и не е обид за грабеж, бидејќи напаѓачот влегол во МекДоналдс на една врата, го застрелал раперот од непосредна близина и излегол на другата врата, рекол на новинарите John Corina од окружниот полициски оддел. Убиството се случило пред петнаесетмина гости, а се чини дека убиецот имал нешто лично против жртвата,...

Continue reading

Член на легендарната AC/DC обвинет за нарачка на убиство

Post Views: 0 Новозеландската полиција го обвинила Phil Rudd, тапанарот на славниот бенд AC/DC  за нарачување и закана за убиство, но и за поседување наркотици. 60 годишниот Австралиец не се изјаснувал за обвиненијата на краткото рочиште во судот во Туаранга, околу 200 километри југоисточно од Окленд. Тој е пуштен со кауција и има ограничено движење, а на суд мора да се појави кон крајот на месецов. На Rudd му се закануваат десет години затвор ако биде осуден за најтешкото казнено дело, обид за нарачка на убиство. Локален портал објавил дека кон крајот на септември наводно се обидел...

Continue reading

logo

Обид за убиство во Кичево

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А.(22) од Кичево. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово. Кривичното дело е извршено на 18-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тука, во близина на џамијата во кичевската населба „Бела кула“ пријавениот се обидел од живот да го лиши СФ. (19) нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот по што избегал од местото...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top