Ознака: убиство

gavel

Доживотен затвор за Живко Англески за убиството на својот брат

Post Views: 6 Во Основиот суд Охрид, денес епилог на грозоморното убиство кое пред една година го потресе Охрид. За убиството на својот брат Александар Ангелески, сега веќе осудениот Живко Ангелески ќе се соочи со доживотна казна затвор. На второосудениот Зоран Јовески, за кривично дело помагање при убиство, изречена му е казна затвор во траење од 12 години. На донесувањето на пресудата му претходеше крајот на доказната постапка. И двајцата осудени, пред изрекуавњето на пресудата изјавија дека не се сторители на кривичните дела за кои се теретат. Одбраната и на двајцата сега веќе...

Continue reading

sveki

Безбедносната слика на градот

Post Views: 8 Охридската јавност сеуште во шок по убиството  на српскиот турист. Јавноста исплашена, градоначалникот се оградува од одговорност, а министерот за внатрешни работи молчи. Најпоставувано прашање деновиве во Охрид е колку сме сите ние безбедни. Крвавите тепачки низ охридските локали, како и бројните фатални сообраќајни несреќи по охридските улици, сигурно не одат во прилог на безбедносната слика на градот. Последното свирепо убиство на туристот од Белград, крвничкото претепување на Дејан Новаковиќ, ја прели чашата  и отвори многу дилеми. Колку сме сите  ние безбедни во...

Continue reading

TVM

Осуммина осомничени за свирепо убиство

Post Views: 1 Осум лица се осомничени за свирепото убиство на Дејан Новаковиќ од Белград. Од страна на СВР Охрид до Основното Јавно Обвинителство – Охрид  поднесе кривична пријава против осум лица поради основано сомнение дека сториле казнено дело „Убиство“ на свиреп и подмолен начин, додека едно од лицата е осомничено и дека сторило кривично дело „Помагање на сторител по извршено кривично дело“. Седуммината од нив се македонски државјани и се веќе приведени, додека еден е српски државјанин и  е во бегство.  Заедно со доказниот материјал седумина од осомничените попладне се...

Continue reading

osomnicen

30 дневен притвор за осомничениот за свирепото убиство

Post Views: 6 Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ги побива шпекулациите кои прокружија по охридската јавност дека причина за грозоморното убиство била прељуба, помеѓу убиениот и неговата снаа. „Јас не го имам убиено мојот брат“, со овие зборови Живко Ангелески, кој се товари дека го извршил грозоморното убиство врз својот брат Александар пред неколку дена, се брани осомничениот.СВР Охрид поднесе кривична пријава против (34) Живко Ангелески од Охрид, поради основано сомнение дека е сторител на убиство на свиреп начин. Ангелески во моментов издржува мерка притвор во траење од...

Continue reading

Policija

Невиден злостор

Post Views: 0 Мртвото тело што вчера беше пронајдено на патот за Велестово на 30 годишниот Александар Ангелески било масакрирано и расфрлано на делови. Мештаните од овој дел ништо не приметиле. Велат дека вакво нешто не виделе. Приведен е братот на починатиот поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство. За само четири дена ова е второ убиство што се случува во Охрид. Вчера некаде околу 4 часот и 30 минути било пронајдено мртвото тело на Ангелески кој поради засега непознати околности за полицијата било фрлено на патот за Велестово. Телото го пронашол мештанин...

Continue reading

Монструозно убиство во Слатино

Post Views: 0 Синоќа околу 19 и 3о часот пред дворот на сопствената куќ во с.Слатино, Спасе Митрески со неколку удари во глава со камен ја усмртил својата мајка Милена Митреска. Поради основано сомнение убиство на свиреп начин од страна на СВР против сторителот покрената е кривична пријава. Портпаролот на СВР Стефан Димовски рече дека откако случајот бил пријавен веднаш се превземени сите мерки согласно законот. Портпаролот Димовски вели дека Митрески веќе еднаш е обележан како сторител на кривично дело убиство. Овојпат при приведувањето сторителот бил во алкохолизирана состојба. При...

Continue reading

tabla

Убиство во Охрид

Post Views: 0 Утрово Анита Танеска , беше убиена со три убоди од нож, пред домот на најзините родители. СВР Охрид трага по единствениот осомничен, нејзиниот сопруг. Жителите на ул. Лазо Трпоски осамнаа во шок. Утрово нивната сосетка 24 годишната Анита Танеска, беше грозоморно убиена пред вратата на нејзините родители.Убиството се случило околу 3 часот и 45 минути од засега непознат сторител. Убиството е извршено со нож при што на жртвата и се нанесени повеке убоди во пределот на главата, градите и стомакот, велат од СВР. Во текот на денешниот ден, врз сега починатата ќе биде извршена...

Continue reading

„Copy-cat“ убиство и самоубиство во Охрид

Post Views: 68 Додека македонската јавност е сеуште во шок од вчерашната скопска љубовна трагедија, денес во Охрид уште еден немил настан. Од засега непознати причини, велешанецот со привремен престој во Охрид, Зоран Т. ја уби охриѓанката Ж.Т, а потоа си пресудил сам одземајќи си го животот со истрел во главата. Охриѓани се потресени и збунети од грозоморниот настан кој силно одекна во градот. Како што раскажуваат очевидците, претходела расправија помеѓу двете лица, во автомобил со битолски регистарски таблички, која не траела подолго од десетина минути. Сето тоа изгледало како обична...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top