Осуммина осомничени за свирепо убиство

Седуммината од нив се македонски државјани и се веќе приведени, додека еден е српски државјанин и  е во бегство.

 |  Валентина Неловска  | 
TVM
TVM

Осум лица се осомничени за свирепото убиство на Дејан Новаковиќ од Белград. Од страна на СВР Охрид до Основното Јавно Обвинителство – Охрид  поднесе кривична пријава против осум лица поради основано сомнение дека сториле казнено дело „Убиство“ на свиреп и подмолен начин, додека едно од лицата е осомничено и дека сторило кривично дело „Помагање на сторител по извршено кривично дело“. Седуммината од нив се македонски државјани и се веќе приведени, додека еден е српски државјанин и  е во бегство.  Заедно со доказниот материјал седумина од осомничените попладне се изведени пред  Истражниот судија Јагода Трпеска. Станува збор за лицата: К.М.(1976) од Охрид, Н.Ѓ.(1984) од Охрид, Ш.П.(1980) од с.Велгошти, Ј.И.(1984) од Охрид, Ч.Б.(1984) од с.Мешеишта, Ш.Ј.(1979) од с. Велгошти и Ѓ.Ј.(1985) од с.Мешеишта, а по Ѓ.Д.(1981) од Лесковац, Србија, е распишана меѓународна потерница. Осомничените доцна синоќа биле  идентификувани. СВР Охрид во текот на истрагата  обавил разговор со 43 лица, осомничени, сведоци, вработени во објектот.  Одземен е целокупниот систем за снимање во клубот „Куба Либре“  за преглед на хард дискот бидејќи е избришан видео записот за критичниот период. Врз телото на починатиот извршена е обдукција од страна на доктор од Судска медицина. Според првичните наоди потврдено е дека престанокот на срцето бил резултат на силен удар со тврд и тап предмет во пределот на градите. Со истрагата е констатирано дека околу 03.00 часот во физичката пресметка пред влезот од објектот, осуммината осомничени физички го нападнале Дејан со удари со раце и нозе, соборувајќи го на плочникот пред влезот од објектот. Сакајќи да му помогне, неговиот другар Г.П. се обидел да го извлече од опкружувањето, но и тој бил физички нападнат од истите лица. Во тој момент Дејан успеал да се оттргне и се дал во бегство упатувајќи се кон градскиот плоштад и по ул. „Свети Климент Охридски“, скршнал пред обложувалницата „Премиер“, ја поминал ул.„Бул. Македонски Просветители“ и стигнал пред влезот на објектот од Поштата, каде го стигнале осомничените, го собориле на плочникот и со удари со раце и нозе во пределот на телото му задале тешки телесни повреди, од кои на лице место починал. По настанот осомничениот Н.Ѓ. со намера да им помогне на лицата учесници во настанот да не бидат откриени, ја избришал датотеката од компјутерот во кое стои видео записот од безбедносните камери поставени во ноќниот клуб, а се однесува на критичниот период кога е сторен настанот. Исто така и наредил на вработената во објектот како хигиеничарка да ги исчисти трагите од крв во дел од објектот каде што не и било задолжение да чисти. Инаку, српските медиуми објавија дека убиенот Дејан Новаковиќ зад себе оставил сопруга и три малолетни ќерки.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top