Ознака: убиство

Обид за убиство на јавен обвинител од OЈО Гостивар

Post Views: 0 Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Нападнат бил со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот, информираат од ОЈО.

Continue reading

Лишено од слобода лицето осомничено за вчерашното убиство

Post Views: 0 Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари, пренесува „Макфакс“. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично-правниот настан. Осомничениот кој потекнува од Куманово, во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите...

Continue reading

Обновено: Убиство во Охрид

Post Views: 14 Според неофицијалните информации на порталот „Охриднет“ станува збор за грабеж на улицата Галичица бр 31. Во станот каде се случило убиството жената живеела сама. Трагичниот настан се случил околу 20 часот синоќа.  СВР Охрид презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „разбојништво со последица смрт“ извршено вчера на улицата „Галичица“ бр.31/21 во Охрид. СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во станот на Спаса Б. (67) од Охрид, со опасно орудие-најверојатно нож...

Continue reading

Семејството Матилоски бара убиецот на Димитар да одговара за свирепо убиство

Post Views: 1 Промена на обвинителниот акт за убиецот на младиот Димитар Матилоски, кој беше смртно претепан на новогодишната ноќ, бара неговото семејство. Тие сметаат дека им се прави голема неправда со тоа што охридското основно јавно обвинителство пред само неколку дена поднесе обвинителен акт против српскиот државјанин кој се товари за убиството во кој тој е обвинет само за убиство наместо за свирепо убиство. Сестрата на убиениот Димитар, Цветанка Матилоска-Пешиќ, вели дека тие се незадоволни од судско-медицинското вештачење кое било направено во Битола, а кое според нив содржело...

Continue reading

sud

Покренато обвинение против српскиот државјанин за убиство во Охрид

Post Views: 1 Основното јавно обвинителство од Охрид до Основниот суд во Охрид поднесе Обвинителен акт против едно лице, државјанин на Република Србија, за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик. – Со поднесеното обвинение тој се товари дека на 01.01.2016 година, пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. Обвинетиот со силни удари му нанел тешки телесни повреди на 27-годишно момче од Охрид, по што тоа починало. Потоа српскиот државјанин се вратил во кафе-барот и продолжил да се забавува, се вели во соопштението од Основното...

Continue reading

monstrum

Продолжува судскиот процес „Монструм“

Post Views: 1 Судењето на осомничените за петкратното ѕверско убиство на четирите момчиња од Радишани и на повозрасниот рибар кај Смиљковското езеро, кое се случи пред една година на 13 април, продолжува денеска. Иако последните рочишта за случајот „Монструм“ беа затворени, се очекува денеска судењето да биде отворено за јавноста и да бидат испрашани сведоците на трагичниот настан. На претходните рочишта беа разгледувани посебните истражни мерки, односно транскриптите од телефонските разговори на обвинетите. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во „Монструм“ , сè уште се наоѓаат...

Continue reading

Притвор за жена во Хрватска поради закани за убиство на членовите на кризниот штаб

Post Views: 2 Полицијата во хрватскиот град Пула уапсила 61-годишна жена која преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита. Истражен судија, според соопштението на полицијата, на жената и изрекол мерка притвор во траење од 30 дена. Полициски службеници утврдиле дека жената на 17 ноември испратила заканувачка СМС порака на мобилниот број на член на хрватскиот штаб за цивилна заштита во Хрватска. Во кривичната истрага, утврдено е дека освен таа заканувачка порака, осомничената, незадоволна од решенијата на Националниот штаб за цивилна...

Continue reading

ismailovic i demiri

Фатени ли се осомничените за случајот „Монструм“?

Post Views: 1 Косовската полиција го проверува идентитетот на двете лица уапсени синоќа околу 19 часот, за кои беше соопштено дека се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осомничени како директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Претходно, косовската полиција ја известила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека двајцата одговараат на описот од меѓународната потерница, но дека немале никакви документи за идентификација, пренесуваат медиумите во Косово.Министерството за внатрешни работи  се очекува во текот на денот да излезе со детални информации...

Continue reading

Обвинета за тројно убиство поради Facebook

Post Views: 1 Неодамна спроведеното истражување во Велика Британија покажало дека сѐ поголем број на луѓе за време на возењето автомобил користат телефони, при што најмногу ги прегледуваат новините на Facebook и другите социјални мрежи. Од британското министерство за сообраќај тогаш предупредија дека луѓето поради користење на Facebook за време на возењето можат некого да убијат бидејќи не се сконцентрирани на возењето. Токму користењето на телефон и Facebook е најголема причина за големата трагедија која се случила во Висконсин кон крајот на 2013 година. Една 34 годишна жена тогаш...

Continue reading

Уапсени две лица осомничени за убиството на Борис Немцов

Post Views: 2 Две лица се осомничени и уапсени за убиството на рускиот опозиционен лидер Борис Немцов, јави руската телевизија Rusija24, цитирајќи го шефот на руската сојузна служба за безбедност Александар Бортњиков. Тој рекол дека се работи за Анзор Губашев и Заур Дадаев кои доаѓаат од нестабилното подрачје Северен Кавказ и дека истрагата и понатаму е во тек. Немцов, поранешен заменик премиер е убиен во центарот на Москва на 27-ми февруари додека шетал преку мостот недалеку од Кремљ со извесна украинска манекенка. Неговото убиство предизвика осуди ширум светот и повици до руските...

Continue reading

sud Struga

15 години затворска казна за Џемаил Асани

Post Views: 2 Разврска на убиството на Џемаил Исмаили. Конечно денес во Основниот суд во Струга падна пресуда за сторителот на ова убиство. Џемаил Асани е сторител на кривично дело убиство. Судскиот совет предводен од судијата Живко Аврамоски, Асани го прогласи за виновен и го осуди на затворска казна од 15 години. Димитрија Цобоски, бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили, рече дека изречената казна е максимумот што може да се извлече од една ваква правна квалификација за обвинетиот, но според него прашање е дали е погрешна правната квалификација со која настапил застапникот на...

Continue reading

Српскиот државјанин обвинет за убиство на Димитар Матилоски ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства

Post Views: 4 Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матилоски од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства. Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на истите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top