Продолжува судскиот процес „Монструм“

Судењето на осомничените за петкратното ѕверско убиство на четирите момчиња од Радишани и на повозрасниот рибар кај Смиљковското езеро, кое се случи пред една година на 13 април, продолжува денеска.

monstrum
монструм

Судењето на осомничените за петкратното ѕверско убиство на четирите момчиња од Радишани и на повозрасниот рибар кај Смиљковското езеро, кое се случи пред една година на 13 април, продолжува денеска.

Иако последните рочишта за случајот „Монструм“ беа затворени, се очекува денеска судењето да биде отворено за јавноста и да бидат испрашани сведоците на трагичниот настан. На претходните рочишта беа разгледувани посебните истражни мерки, односно транскриптите од телефонските разговори на обвинетите.

osomniceni monstrumАлил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во „Монструм“ , сè уште се наоѓаат во екстрадициски притвор на Косово, откако на трети март беа уапсени во Приштина. Досието за случајот од пред две недели е во рацете на косовските власти, кои треба да одлучат за барањето за екстрадиција на двајцата обвинети.Досега во „Монструм“ не е сослушан загрозениот сведок Е1.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top