Обновено: Убиство во Охрид

Според неофицијални извори, синоќа жена на возраст од околу 60-тина години била убиена во својот дом во Охрид.

 |   | 

Според неофицијалните информации на порталот „Охриднет“ станува збор за грабеж на улицата Галичица бр 31. Во станот каде се случило убиството жената живеела сама. Трагичниот настан се случил околу 20 часот синоќа. 

СВР Охрид презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „разбојништво со последица смрт“ извршено вчера на улицата „Галичица“ бр.31/21 во Охрид.

СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во станот на Спаса Б. (67) од Охрид, со опасно орудие-најверојатно нож ја нападнал и и задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото а потоа извршил пребарување низ собите. По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Охрид во содејство со полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на Јавниот обвинител, денеска врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола

Голема акција е во тек за пронаоѓање на човек кој би можел да биде убиец.

Од полицијата најавија подетални информации во текот на денешениот ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top