15 години затворска казна за Џемаил Асани

Се расветли убиството на Џемаил Исмаили кој на 30.08 минатата година беше убиен на раскрсницата од магистралниот пат Струга-Ќафасан со регионалниот пат Струга-Дебар.

 |  Билјана Николоска  | 
sud Struga
Суд Струга

sudenjeРазврска на убиството на Џемаил Исмаили. Конечно денес во Основниот суд во Струга падна пресуда за сторителот на ова убиство. Џемаил Асани е сторител на кривично дело убиство. Судскиот совет предводен од судијата Живко Аврамоски, Асани го прогласи за виновен и го осуди на затворска казна од 15 години. Димитрија Цобоски, бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили, рече дека изречената казна е максимумот што може да се извлече од една ваква правна квалификација за обвинетиот, но според него прашање е дали е погрешна правната квалификација со која настапил застапникот на обвинението. Цобоски потенцира дека во ваков случај кривичната постапка е спроведена согласно законот и предочи на понатамошните правила на игра доколку има жалба.

„Нема казна со која може да се оправда еден злостор, кој што со свои очи го видов“, рече Мефаил Исмаили, син на покојниот Џемаил, кој исто така беше мета на обвинетиот Асани.

Бранителот на обвинетиот Асани, Емил Балабан, смета дека престрога е казната изречена за неговиот клиент и додаде дека истата не одговара бидејќи имало пречекорување на нужна одбрана.

Со ова се затвора случајот за еден немил настан кој се случи на 30.08 минатата година на раскрсницата на магистралниот пат Струга-Ќафасан, со регионалниот пат Струга-Дебар, во кој настрада Џемаил Исмаили, а неговиот син Мефаил е спасен благодарение на брзата хируршка интервенција. Дали 15 годишната затворска казна во целост ќе се спроведе и дали е доволна за сторител на 3 дела, убиство, обид за убиство и недозволено поседување на оружје, јавноста сама ќе прецени.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top