• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Српскиот државјанин обвинет за убиство на Димитар Матилоски ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства

Српскиот државјанин обвинет за убиство на Димитар Матилоски ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства

Српскиот државјанин кој е обвинет за убиство то на охриѓанецот Димитар Матилоски ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матилоски од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства.tabana

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на истите им овозможил уживање на наркотично средство – амфетамин, вели Стефан Димоски-портпаролот на Свр Охрид.tabana

Против Бојан У. претходно беше поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело „убиство на свиреп начин“.

Против ова лице СВР Охрид има поднесено кривична пријава, но исто така поднесена е и прекршочна пријава против организџаторот на прославата во угостителскиот објект, објаснува Димоски.

Инаку кај сторителот на убиството кобната ноќ покрај алкохол во крвта пронајдени се и остатоци од дрогата амфетамин. Тоа е една од причините за неговото агресивно однесување бидејќи амфетаминот предизвикува еуфорија, вознемиреност, паника, губење концентрација и уште многу други несакани последици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top