Полицијата во Клиарвотер влезе во трага на убијците на Зорана Лебедик ?

Полицијата уапси двајца осомничени за двојно убиство во Клиарвотер. Се проверува дали истите се одговорни и за убиството на 35 годишната Македонка.Детективите се сомневаат дека за трите убиства е употребено истото оружје.

 |   | 
lebedik
lebedik

lebedikПолицијата уапси двајца осомничени за двојно убиство во Клиарвотер. Се проверува дали истите се одговорни и за убиството на 35 годишната Македонка.Детективите се сомневаат дека за трите убиства е употребено истото оружје.

Полицијата уапси двајца осомничени за убиството на двајца мажи во Чери Харис Паркот, кое беше извршено на 15 октомври.

Уапсени се 20 годишниот Исидоро Сантијаго Џонс и неговиот брат Карлос Бенито Џонс, осомничени за убиството на 46 годишниот Петер Раковски и 58 годишниот Колберт Колинс – извести полицијата.

Полицијата сега проверува дали пиштолот со кој се убиени Раковски е оружјето со кое на 25 септември е убиена македонската државјанка Зорана Лебедик.

Детективите велат дека сличен пиштол бил употребен во убиството ан Лебедик. Се чека на резултатите од форензичните тестирања за да се утврди дали се работи за истото оружје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top