Петкратно убиство во близина на Скопје

Пет лица се убиени синоќа во близина на Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци.

 |   | 
ubistvo skopje
убиство Скопје

Пет лица се убиени синоќа во близина на Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци.

Настанот се случил околу 22,30 часот, а полицијата засега не го соопштува нивниот идентитет како и мотивите за петкратното убиство.

Четири лица биле на возраст од околу 20 години и едно на возраст од над 40 години.

Според првичните информации на Миистерството за внатрешни работи, тие се убиени со  огнено оружје и имале видливи повреди по телата, а околу нив биле најдени чаури.

Труповите ги виделе рибари и пријавиле во полиција. Портпаролот на МВР Борче Пeшевски изјави дека телата на петте лица се предадени на обдукција по наредба на истражен судија.

Полицијата по извршениот увид најавува повеќе детали во текот на денот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top