Застрелан уште еден познат рапер

Очигледно се работи за насочено убиство

 |  инфодеск  | 

Во близина на местото Палмдејл во близина на ЛосАнѓелес убиен е раперот Big Paybacc. Убиството се случило во локалниот МекДоналдс кога непознат напаѓач во него испукал неколку куршуми од пиштол, известила тамошната полиција.

Очигледно се работи за насочено убиство и не е обид за грабеж, бидејќи напаѓачот влегол во МекДоналдс на една врата, го застрелал раперот од непосредна близина и излегол на другата врата, рекол на новинарите John Corina од окружниот полициски оддел. Убиството се случило пред петнаесетмина гости, а се чини дека убиецот имал нешто лично против жртвата, додал Corina.

Jessica Jefferson, жена која се претставила како негова девојка, рекла на наовинарите дека Big Paybacc имал три деца и дека бил навистина добра личност.

Но, нејзините зборови тешко дека некого ќе уверат дека “gangsta” раперите се добри и позитивни личности, со оглед на озлогласениот музички правец кој пропагира насилство и гангстерски начин на живот.

Убиството на Big Paybacc е последно во низата насилни инциденти помеѓу “gangsta” раперите, каде вооружените инциденти се честа појава, а најпознати жртви се популарните Tupac Shakur и Notorius B.I.G.

Tupac е убиен во автомобил кога се враќал од еден боксерски меч во ЛасВегас, а неговото убиство наводно го нарачал Notorious BIG со кој бил во жесток конфликт. Notorious BIG, пак бил застрелал наредната година, исто така во автомобил додека се враќал од една забава во ЛосАнѓелес, а полицијата во двата случаи не успеала да ги открие убијците ниту нарачателите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top