Крвава престрелка во Струга

Како да не беа доволни последните случувања во Охрид, каде трагично настрада српски турист, па за нецели три дена да падне жртва и во Струга.

 |  Билјана Николовска  | 
ubistvo
убиство

ubistvoГрозоморно убиство во Струга. Немилиот настан се случил како на филмско платно. На раскрсницата на магистралниот пат, Охрид – Ќафасан синоќа околу 18 часот и триесет минути било пукано во татко и син. Се работи за Мефаил и Џемаил Исмаили од струшкото село Делогожда. Движејќи се по овој патен правец нивното моторно возило „Голф“, било попречено од страна на Форд Ескорд управувано од Исмаил Асани. Асани излегол од своето возило и со пиштолот го удрил по глава возачот на „Голфот“. Веднаш потоа истрелал два куршуми во 51 годишниот Џемаил и еден во 25 годишниот Мефаил, по што избегал од местото каде го извршил грозоморниот чин.

Телата на настраданите веднаш биле пренесени во медицинскиот центар Струга, каде 51 годишниот Џемаил подлегнал на повредите, а неговиот син засега е надвор од животна опасност. Дежурниот тим на хируршкото одделение од Струга веднаш организирале два тима и во две операциони сали извршувале интервенции.
Stefan Dimovski,portparol SVR

Портпаролот на  СВР Охрид Стефан Димоски ги потврди сите информации во врска со овој случај, но сеуште енигма останува мотивот порди кој е направен овој грозоморен чин. Димоски вели дека П.С. Струга веќе поднела пријава за 38 годишниот Асани осомничен за сторено кривично дело убиство и недозволено поседување и употреба на оружје.
Од СВР Охрид кажаа дека сеуште се работи на расветлување на случајот околу оваа пресметка. Димоски кажа дека учесниците во овој настан биле соседи и досега никогаш немале проблеми од финансиски и имотно правен карактер. Тој потврди дека осомничениот Асани Исмаил е добро познат на полициските служби и позади него стои дебело досие.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top