Ознака: туризмот

охрид

Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот

Post Views: 5 Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот. Во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2015-2017та ТЛЕР не побара средства од буџетот на општинава кој ќе се проектира за наредната година за оваа намена. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека стратегија ќе се прави, но чекаат во тоа да им помогнат странски експерти. Тој објаснува дека кога во посета на Охрид бил генералниот секретар на Светската туристичка асоцијација, Талеб Руфаи им ветил помош во изработката на една одржлива и квалитетна локална ...

Continue reading

турција

Промотивните тури најефикасен начин за развој на туризмот

Post Views: 16 Промотивните тури еден од поефикасните начини за развојот на туризмот. Рекламата од уста на уста и познатата девиза „јас бев, оди и ти“ се покажува како најефикасна. Непосредниот контакт помеѓу домицилната земја и потенцијалните туристи носи најмногу гости, велат туристичките работници. Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот потенцираат дека покрај учеството на саемите се повеќе се применува овој начин на промоција. Овој начин за разлика од саемите каде има поголем број агенции е поефикасен бидејќи има можност повеќе време да им се посвети на заинтересираните...

Continue reading

Ohridsko Ezero

Албанската страна од Охридското Езеро конечно под капата на УНЕСКО

Post Views: 1 Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...

Continue reading

plaza

И општина Дебрца ќе добие плажа

Post Views: 4 И општина Дебрца ќе добие плажа. Современо уредена плажа ќе добие и општина Дебрца. Плажата се наоѓа во атарот на селото Оровник во должина од 500 метри веднаш под аеродромот „Св. Апостол Павле“, напоменува градоначалникот  Игор Трајкоски „ Со плажата во атарот на селото Оровник и општината Дебрца ќе добие сопствена плажа на Охридското езеро. Очекуваме селото Оровник да прерасне во туристичка населба“, истакнува Трајкоски. Уредувањето на плажата е на барање на општина Дебрца. Министерството за транспорт и врски денес објави јавна анкета на која ќе се избира најдоброто...

Continue reading

inf.biro

Се анкетираат гостите и туристичките работници

Post Views: 1 И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. -Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од...

Continue reading

охрид

Без стратегија нема развој на туризмот

Post Views: 3 Ќе се изготвува нова национална стратегија за развој на туризмот. На постоечката која е донесена во 2009год., а ревидирана во 2011 и истекува рокот нареднава година. Стратегијата е многу важен документ, вели Проф. Др. Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, бидејќи врз нејзина основа се донесуваат многу закони кои се значајни за развојот на туризмот. Врз основа на овој општ акт се донесуваат документи на регионално и локално ниво, како и стратешки документи, објаснува Мариноски. Тој учествувал во ревидирањето на стратегијата од 2009 при што тогашниот тим ставил акцент на развојот...

Continue reading

LES

Итна седница на Локалниот економски совет поради нарушениот туристичкиот углед на Охрид

Post Views: 2 Неодамнешните пишувања и прилози во некои електронски и печатени медиуми околу ниското ниво на услуги во туристичкиот сектор и високите цени на туристичките услуги и производи во Охрид, беа причина Градоначалникот да свика итна седница на Локалниот економски совет во екот на туристичкава сезона. Седницата се одржа во проширен состав и на неа присуствуваа претставници од сите субјекти кои учествуват во креирањето на туристичката понуда во градов. Бакрачески рече дека  општ впечаток на сите бил дека обидите да се оцрни градов со констатации дека е прескап и дека не нуди...

Continue reading

Trpejca

Трпејца полупразна, допрва очекува гости

Post Views: 1 Македонското Сен Тропе, туристичката населба Трпејца на сред туристичка сезона полупразна. Единствени гости кои што можат да се забележат се холандските туристи и понекои домашни. Гостите задоволни од убавините на местото, гостопримството на трпејчани а немаат ниту замерки за висината на цените. Претставниците на туристичките агенции пак се обидуваат во своите понуди да вметнат што повеќе интересни содржини за да ги привлечат странските гости. „Агенциите нудат големи екскурзии со различни групи, различни луѓе и воопшто холанѓани и најголемиот дел од луѓето кои доаѓаат...

Continue reading

ugostiteli

Македоснките угостители бараат помал ДДВ

Post Views: 2 Намалување на ДДВ за храна во рестораните, субвенции, наменско трошење на туристичката такса, ова се дел од барањата на Здружението за угостителство и туризам, пренесува 24 Вести. Од Здружението укажуваат дека поради високите трошоци, угостителите работат со намален профит. Од Здружението велат дека и покрај порастот на цените на енергенсите, угостителите нема да ги зголемат цените на услугите, иако работат со намален профит.Во меѓувреме, угостителите со Македонската музичка индустрија ја договорија месечната тарифа што треба да ја плаќаат хотелите и рестораните за пуштање...

Continue reading

тоалет

Охрид на прагот од новата туристичка сезона сеуште е без јавни тоалети

Post Views: 2 Охрид на прагот од  новата  туристичка сезона  сеуште е без јавни тоалети. Туристичкиот центар никако да  добие  современи јавни тоалети.  Градските влaсти со години наназад  не  го решават најосновниот комунален проблем на кој укажуваат и туристите и охриѓани. Стефан Каневче, туристички водич кој е секојденвно во конаткт со туристите, со жалење констатира дека тоалетите се последна грижа во туризмот. Недозволиво е да се запостави изградбата на вакви санитарни објекти  како што е сегашната ситуација на која паѓаме во туризмот, вели Каневче. „Прво што треба да се почне...

Continue reading

брод

(обновено)Бродска линија Охрид- Поградец

Post Views: 13 Денес се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Пред тргнувањето на бродот „Александрија 2“ со кој се реализира ова патување, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“. На промотивното патување покрај многу видни луѓе од градов присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кои на пристаништето во Поградец беа пречекани од албанските колеги,...

Continue reading

брод

Од денес официјално се воспостави бродската линија Охрид- Поградец

Post Views: 8   Од денес Охрид и албанскиот град  Поградец поблиску еден до друг. Овие два езерски града години наназад правеа напори да се поврзат преку воден сообраќај. Од охридското пристаниште исплови бродот „Александрија 2“. Конечно се реализира долгонајавуваната бродска линија Охрид- Поградец. На бродот се наоѓаа видни луѓе од градов како и министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Пред тргнувањето на бродот, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top