Ознака: туризмот

Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот

Post Views: 0 Започна изработката на локалната стратегија за развој на туризмот. Веќе се формира и координативното тело кое ќе работи на нејзе. Во него има преставници од Локалната, од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, од ФТУ, ХОТАМ, Националната асоцијација на патнички агенции, еснафот на туристички водичи и од сите други субјекти кои директно се инволвирани во развојот на туризмот во градов. Охрид досега немаше стратегија за развој на туризмот па се што се преземаше околу развојот на оваа стопанска гранка беше парцијално и без некоја подлабока анализа. Очекуваме со...

Continue reading

biznis

Израелски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Охрид и Струга

Post Views: 3 Израелски бизнисмени во посета на Македонија. Тие од петте дена колку што беа во земјава, два гостуваа во Охрид и Струга. На средбата, заменик  раководителот на Секторот за урбанизам од Охрид, на потенцијалните инвеститори им ги посочил локациите на кои е зацртана маркица за изградба на хотели. Бизнисмените ги посетиле атрактивните локации кај Трудбеник и Гранит, кај поранешната детска болница каде се предвидени две локации за изградба на хотели но покрај овие земјишта кои што се државни, потенцијалните бизнисмени посетиле и неколку приватни привлечни локации, после...

Continue reading

strategija turizam

Изработката на стратегија за развој на туризмот прескапа за буџетот на локалната

Post Views: 8 Стратегијата за долгорочен развој на туризмот прескапа за општина Охрид. Овој исклучително важен документ се најавува неколку години наназад, но барем досега истиот не е изработен. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова бил еден од приоритетите на локалната поставени уште на почетокот на мандатот, но досега ниту една институција од Македонија не пројавила интерес и желба да ја изработи стратегијата. Во преговори со неколку странски консултантски куќи пак, референтната цена која локалната ја добила за изработка на стратегијата ги надминувала можностите на општинскиот...

Continue reading

materijal

Соработка на Македонија и Казахстан во туризмот

Post Views: 3 На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот. На форумот, потпретседателката на здружението Марјана  Султанбекова, ја прочита пораката на градоначалникот Никола Бакрачески и ги покани учесниците да го посетат Охрид. -Почитувани  учесници на првиот Македонско- Казахтански форум посветен на соработката во  областа на туризмот, најискрено Ви упатувам топли...

Continue reading

kariera

Понудата на работа и побарувачката на едно место

Post Views: 6   Дипломираните и активни студенти на ФТУ и работодавачите на едно место. Компаниите од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата денес имаа можност да се сретнат и да поразговараат околу нивните потреби и желбите на оние кои бараат работа. Факултетот за туризам и угостителство организира „ Денови на кариера“ со цел да се надмине недостатокот од комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката. Во Охрид доминира сезонскиот карактер на ангажирање, а нашите студенти секако дека можат да влезат во таа празнина. Имавме многу понуди,...

Continue reading

ftu

Работодавците и работниците на едно место

Post Views: 0 Работодавците и работниците на едно место. ФТУ организира денови на кариера  на кои ќе земат учество повеќе компании кои ќе се престават на свои штандови поставени во факултетот и каде ќе ги промовираат работните места кои им се непополнети а се од областа на струките кои  се едуцираат на ФТУ. Во комуникација со хотелиерите и ресторатерите заклучивме дека има недостаток на готвачи посебно на искусни кои ќе можат да се снајдат и со класичната кујна но и со другите видови на кујни. Гастрономијата во светот се повеќе добива на цена и всушност имиџот на еден добар ресторан...

Continue reading

мк

Во Македонија пристигнуваат полски туроператори и новинари

Post Views: 1 На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со економскиот промотор на Македонија во Полска од денеска до 26 јуни во Македонија ќе престојуваат група влијателни туроператори и новинари. Меѓу гостите кои доаѓаат се наоѓа и претседателот на Полската туристичка комора Јан Корзак, претставници на влијателни туроператори, како и новинари од полски телевизии и пишани медиуми. Целта на посетата е да се запознаат со туристичките потенцијали на Република Македонија со цел наредната година земјата да се најде во нивните туристички аранжмани. {loadposition...

Continue reading

saem

Охрид освојува нови туристички пазари

Post Views: 2   Охрид е на добар пат за освојување на нови туристички пазари. Првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески за годинава најави големи презентации на туристичката понуда на Охрид пред професионалната јавност, односно тур операторите, патничките агенции и новинари кои се занимаваат со туризам. Тој кажа дека после саемот во Белград, до стартот на летната туристичка сезона Охрид ќе биде претставен во Сараево, Љубљана, Осло, Брисел Тел Авив и Москава, со што ќе покаже дека Локалната самоуправа посветено работи на промоција на културното и историското наследство на градот...

Continue reading

kinezi

Далијан и Охрид и официјално ќе соработуваат на полето на туризмот

Post Views: 7 Потпишан меморандум за соработка на полето на туризмот помеѓу бирото за развој на туризмот од Далијан, Народна Република Кина и Секторот за ТЛЕР на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески смета дека оваа соработка ќе вроди со плод и наредниот период  можеме туристите од НР Кина да ги очекуваме во голем број. Додаде дека овој документ значи етаблирање на соработката со НР Кина во делот на туризмот. „Во делот на организирање на туристички групи од НР Кина кон Македонија и обратно, ќе направат напори за етаблирање на можности за воспоставување на чартер летови...

Continue reading

delegacija

Нова македонско – кинеска соработка во сферата на туризмот

Post Views: 7 Конкретен бенефит од самата средба е можноста на оптината бесплатно да ги претстави туристичките потенцијали на Охрид на престаојниот саем на почетокот на месец јуни во градот Нингбо. Висока кинеска делегација од градот Нингбо денес во посета на Општина Охрид. Никола Бакрачески, Градоначланикот на Општина Охрид истакна дека остварена е плодна и конструктивна средба на која е оценето дека туризмот е приоритетниот заеднички интерес за двата града, поточно дека оваа средба е убав начин за отворање можности за привлекување на туристи од НР Кина кои би го посетиле Охрид....

Continue reading

Rio

Македонците наскоро без визи во Бразил

Post Views: 15 Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е во работна посета на Бразил, соопшти денеска МНР во Скопје. На оваа прва билатерална посета на министер за надворешни работи од Република Македонија,Милошоски ќе оствари средба со својот бразилски колега Антонио де Агујар Патриота. Се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави како и за можностите за интензивирање на соработката во повеќе области, како економија,образованието, културата и туризмот. За време на средбата со...

Continue reading

usa ambasada

Приватното јавно партнерство и неговата примена во туризмот

Post Views: 0 Во организација на Американската амбасада се одржа предавање во Струга на кое беа согледани американските искуства во оваа област и можноста за нивната примена кај нас. Приватно јавно партнерство, начин за излез од кризата во која западна туризмот кај нас. Станува збор за еден од начините на финансирање на локалниот развој, кој може да биде применет и во сферата на туризмот. Владислав Жупан од Локалната самоуправа од Струга информира дека голем број проекти како на локално, така и на национално ниво стојат нереализирани токму поради недостигот на финансиски средства....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top