Понудата на работа и побарувачката на едно место

Со подобра комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката до зголемување на бројот на вработувања, велат од ФТУ -Охрид. На отворените „ Денови на кариера“ кои од денес се одржуваат во факултетот дипломираните и активни студенти на ФТУ и компаниите од областа на туризмот имаа можност да се сретнат и да ги споделат своите искуства.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kariera
кариера

 

Дипломираните и активни студенти на ФТУ и работодавачите на едно место. Компаниите од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата денес имаа можност да се сретнат и да поразговараат околу нивните потреби и желбите на оние кои бараат работа. Факултетот за туризам и угостителство организира „ Денови на кариера“ со цел да се надмине недостатокот од комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката.компании

Во Охрид доминира сезонскиот карактер на ангажирање, а нашите студенти секако дека можат да влезат во таа празнина. Имавме многу понуди, од сите сектори на услуги за да вработат наши студенти времено, можеби и трајно и осетивме дека време е да направиме настан што ќе ги спои оние кои нудат работа да се презентираат себеси, а студентите пред нив да дадат првичен впечаток со цел да ги ангажираат, барем кога се слободни. Наша девиза е дури и да не најдат идеален ангажман, никогаш да не одбегнуваат да одговорат на предизвикот бидејќи никогаш не се знае, секогаш треба да се стремат да научат нешто повеќе, што ќе отвори нови врати и нови видици, вели деканот на ФТУ, проф. Д- р Сашо Коруноски.kariera

И претставниците од компаниите, институции, агенции со позитивни оценки за ваквиот настан. Тие  своите можности за ангажирање на работна сила ги презентираа на штандови поставени во холот на факултетот.

Конечно добра идеја, добро е што можеме да комуницираме со студентите и да ги насочиме кон можностите за работа. Ја поздравуваме иницијативата на ФТУ и се надевам дека во иднина овој тип на соработка ќе се продлабочи и ќе има взаемна корист и за двете страни, вели Марко Спасески од осигурителната компанија Кроација Осигурување.

Ова е одличен спој на студентите кои можат да го презентираат својот потенцијал и компаниите и институциите кои можат да ги ангажираат. Воедно е и одлична можност за студентите да ги збогатат нивните знаења и да добијат едно одлично искуство, бидејќи „ Охридско лето“ сепак е најдоброто што го имаме, смета Сузана Вренцоска од НУ „ Охридско лето“.

Овој настан е подржани од Локалната самоуправа, од Министерството за образование и наука, од Министерството за економија, од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, како и претставници од Агенцијата за поддршка на претприемништвото и ХОТАМ. „ Денови на кариера и промоција“ се одржуваат и утре.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top