Ознака: туризмот

vevcani

Над 890 уметници на Вевчанско културно лето

Post Views: 15   Вевчани со забрзани чекори оди кон развој на туризмот. Oпштината културно ќе се издигнува преку организација на ВЕКУЛ, Вевчанското културно лето, кое започна на 14.07 и ќе трае до 08 ми септември годинава. „Ме радува силната поддршка од членството на културната манифестација „Печалбарски денови“ како и на членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои своите програми ги обединија и за прв пат ќе ги презентираат на ВЕКУЛ“, истакана Цветомир Угриноски – градоначалникот на Вевчани. „Нашата општина Вевчани е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија, која организира...

Continue reading

Укинувањето на две нискобуџетни авиолинии на Визер нема да имаат негативен импакт врз туризмот во земјава

Post Views: 4 Македонскиот туристички приход нема да претрпи големи загуби по укинувањето на визеровите директни авиолинии од Барселона и Лондон на скопскиот и охридскиот аеродром, оптимистички изјавуваат хотелско туристичките субјекти во земјава. Туристичките работници досега се задоволни од текот на туристичката сезона и посетеноста на земјава, а тоа го очекуваат и за следната сезона. „ Две линии во целокупниот број на проценти не значат премногу, но секако да не се лоши пораки за почеток на некаков крај. Се надеваме дека ќе се надминат тие работи и ќе се отворат нови дестинации....

Continue reading

Промени во стандардизацијата и класификацијата во туризмот и угостителството

Post Views: 0 Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски присуствуваше на инфо сесијата  на тема „Потреба од промена на развојната програма  во делот на класификацијата  и стандардизацијата во туризмот и угостителството“ што денес се одржува во Охрид .Градоначалникот Стојаноски на почетокот од сесијата на учесниците им посака добра и успешна работа кој ќе донесе плодни резултати  и заклучоци за унапредување на бизнис климата во градов и државава. Настанот се однесува на сите  микро, мали и средни  претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законот за туризам...

Continue reading

agencija za turizam

Клуч на врата на канцеларијата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Струга

Post Views: 1 Вработените во Агенцијата за подршка и промоција на туризмот кои работат во Струга, на улица. Тие не ќе можат веќе да го користат канцеларискиот простор во кој беа сместени досега. Тие од в понеделник не знаат каде ќе ги извршуваат своите работни задачи. Спратот од зградата на Кеј 8ми Ноември, каде се наоѓа канцеларијата на Агенцијата вчера беше  продаден на јавно наддавање преку извршител за подмирување на долг на општина Струга кон проектанска фирма.  Во оваа канцеларија функционираше Комисијата за доделување на субвенции во туризмот која е составена од три члена и...

Continue reading

saem

Македонија атрактивна турстичка дестинација

Post Views: 0 Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра. – Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање...

Continue reading

Tanec

Македонско оро за Гинис

Post Views: 9 На крајот на овој месец ќе се игра најголемото македонско оро во светот на локација од Охрид до Струга. Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а ќе биде организирано од Националната установа “Танец” и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид да се постави нов Гинисов рекорд во оваа категорија. Ова го најави Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потенцирајќи дека со орото ќе се означи стартот на новата туристичка сезона во Македонија. -Истовремено, ќе се одбележи и јубилејот 65 години од Националната установа...

Continue reading

Европски пари за поголема конкурентност во туризмот

Post Views: 1 Со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и учество на Владата од 3,2 милиони евра ќе се подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија.  Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Марко Мантованели , Директор на Канцеларија на Светска банка за Македонија и Косово, Европа и централна Азија , денеска на прес конференција во Владата, кажа дека се надева на сите им е јасно зошто конкурентноста во економијата во...

Continue reading

агенција

Агенцијата за поддршка и развој на туризам седи на два стола

Post Views: 3 Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот. Од  мај 2011 со одлука на Владата седиштето на Агенцијата е префрлена во Скопје. 6-мината вработени во струшката канцеларија останаа каде што беа, додека само двајца вработени на чело со директорот Јордан Трајков се водат во скопската канцеларија. Вработените од Струга сега не знаат каков е нивниот правен статус дали станува збор за канцеларија или поддружница. Нерешениот правен стаус ја отежнува и комуникацијата и потребата од проток на информации. Никој од овие вработените...

Continue reading

ох

Новата локална власт не се откажува од изработката на Стратегија за развој на туризмот од Свис Контакт

Post Views: 5 За охридскиот туризам изминува уште една година без Стратегија за развој. Локалната самоуправа нема изготвено развојна програма за туризам и за 2018 година. Новата локална власт не се откажува од започнатиот проект и партнер кој доцни со изготвување на документ за развој на туризмот. Стратегијата за развој на туризмот беше најавена како проект пред 2 години, од октомври 2015 и требаше да се изработи до јануари 2016 по методологија на професори-експерти по туризам на универзитетот во Сент Гален  Швајцарија. Целокупниот проект се предвидуваше да заврши за пет години, со...

Continue reading

Тилевски: Со сериозна стратегија за развој на туризмот во Охрид

Post Views: 2 Во Програмата за туристичкиот развој на Охрид на Митко Тилевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне и Коалицијата, ги претстави проектите за привлекување на што поголем број туристи. Тилевски најави продолжување на промоцијата на Охрид на светските медиуми за перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. „Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални медиуми,...

Continue reading

Се сумираат резултатите во туризмот

Post Views: 2 Охридските хотелиери задоволни од летната туристичка сезона. Побарувачката на соба повеќе во јули и август укажува на потребата од изградба на нови хотели, подвлекуваат хотелиерите. Задоволни се од тоа што на охридското крајбржје се враќаат и домашните гости. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153 435, а бројот на ноќевањата изнесува 584 014.Бројот на туристите во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.9%. За охридските хотелиери овие...

Continue reading

gradonacalnici

Ден на Охридското езеро

Post Views: 5 Одбележан Денот на Охридското езеро. Годинава домаќин општина Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, ја пофали десетгодишната соработка со двете соседни општини Охрид и Подградец, и посебно стави акцент на бенефитот од збратувањето. „Денеска ние се движиме на граница меѓу Македонија и Албанија со лични карти“-истакна Мерко. Изминативе 10 години постигнавме добра соработка, така и ќе продолжиме, нагласи градоначалникот на Подградец, од соседна Албанија, Артан Шкмби. „Имаме доста вложување во заедничка трговија и заеднички вложувања во заштита на Охридското езеро, значи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top