Ден на Охридското езеро

Трите збратимени града Охрид, Струга и Подградец, свечено го одбележаа Денот на Охридското езеро.

 |  Николоска Биљана  | 
gradonacalnici
градоначалници

Одбележан Денот на Охридското езеро. Годинава домаќин општина Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, ја пофали десетгодишната соработка со двете соседни општини Охрид и Подградец, и посебно стави акцент на бенефитот од збратувањето.

„Денеска ние се движиме на граница меѓу Македонија и Албанија со лични карти“-истакна Мерко.

Изминативе 10 години постигнавме добра соработка, така и ќе продолжиме, нагласи градоначалникот на Подградец, од соседна Албанија, Артан Шкмби.

„Имаме доста вложување во заедничка трговија и заеднички вложувања во заштита на Охридското езеро, значи ево се случи и тоа едно време тешко се минуваше оваа граница а денес тоа се прсви со лични карти, наредна заложба е да се тргне и границата за патување по водена линија“-вели Шкемби.

den na ezeroНа добар пат е соработката меѓу трите општини, истакна претседателот на охридскиот совет Душко Јаковчески. Тој гледа добар просперитет на оваа десетгодишна јунилејна традиција, посебно за развоја на туризмот и предвиде дека овој регион ќе прерасне во најпосетувана туристичка дестинација во Европа.

„Добро е што ние како градови не се гледаме како конкуренти во туризмот затоа што гостите се исти и за Охрид и Струга и Подградец“.

Посебна чест и задоволство е што денес присуствувам на овој јубилеј, Денот на Охридското езеро, нагласи германската амбасадорка г-ѓа Гудрун Штајнакер.

„Ме радува што Германија оваа година повеќе се вклучува во настаниве што престојат и како што е веќе најавено во организација на една изложба, на фудбалски турнир, на мал саем и други настани и особено трката со велосипеди. Секако тука е и поддршката од страна на техничката помош на германската влада ГИС“.

И градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој малку задоцна и последен зеде збор, го поздрави одбележувањето на Денот на езерото, но изрази жалење поради неприсуство на претставници на централната власт.

gradonacalnici„Ми е жал што нема претставници од Министерството за транспорт и врски, Министерството за екологија, кои бегаат од овој настан, а токму ингеренциите за заштита на животната средина, на стопанисување со езерото и плажите токму се од македонската страна и се во нивни ингеренции“.

Во наредните два дена спортски клубови занаетчии, туристички оператори и произведители на прехрамбени производи од Југозападна Европа ќе ги презентираат своите понуди во Струга и Охрид. А како врвен настан во недела 24 јуни ќе се организира меѓународна велосипедска трка околу целото езеро, која со поддршка на македонското и алнанското министерство за внатрешни работи таа ќе биде без граници, поточно професионалните велосипедисти нема да се контролираат на граничните бариери. На свеченото отварање на четиридневната манифестација по повод Денот на езерото, присуствуваа видни гости од јавниот и општествениот живот на Струга, Охрид и Подградец.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top